19 Декември, 2025
0.0659

Започна Самитот Македонија2025 – Настан што го дефинира технолошко-деловниот импулс на македонското стопанство

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2016 14:29

Добивај вести на Viber

Со свечени обраќања на Вера Ставроф, Мајк Зафировски и Живко Мукаетов, во улога на членови на одборот на директори, денес беше отворен петтиот по ред Самит во организација на Македонија2025. Тие го истакнаа огромното задоволство на организаторот во однос на континуитетот на настанот, квалитетот на говорници како и импресиите на учесниците. Овие два дена Скопје ќе биде регионален центар каде учесниците ќе ги слушнат најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновации и технологија.

Повеќе од 250 гости ќе проследат дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерниот индекс составен од Македонија2025 во соработка со МекКинзи. Делегатите ќе проследат дебатни сесии за одржливоста на енергенсите и можноста да се користат обновливи извори на енергија според примерот на нордиските земји кои планираат 100% да се снабдуваат со одржлива енергија. Ќе се зборува и за циркуларната економија, темин кој означува револуција во индустриската економија преку намалување на отпадот и избегнување на загадувањето. 

Експерт од Европска Унија ќе зборува за трансформирање на градовите во паметни градови според примерот на неколку европски центри. Свои излагања ќе имаат повеќе од 40 говорници, а за прв пат во регионот ќе биде претставена програмата на Европската вселенска агенција и можноста приватниот сектор да се вклучи во нивните истражувања. Ќе бидат презентирани најновите светски технолошки достигнувања како емоционално инженерство, теле-здравје и развој на интелигентна комуникација помеѓу машини.

Македонија2025 е организација која овозможува пренос на знаење од успешната дијаспора кон македонските иновативни компании. Работата на организацијата ќе биде споредена со најуспешниот светски пример на организирана дијаспора, преку лидерскиот говор на Гиди Марк, Извршен Директор на Birthright од Израел. Тој ќе зборува за тоа како големата и разновидна дијаспора на Евреи ширум светот придонесува оваа земја да биде светски водач во иновации и развој на производи. 

Македонија има голем капацитет во својата дијаспора кој не е искористен. Преку ваков тип на настани, организаторот се обидува да ги охрабри успешните македонци од светот да остварат различни видови соработка со родната земја.

Можеби ќе ве интересира

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА