Започна „судењето“ на референдумот, повикани Левица и СМК
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2018
Уставниот суд ја зпаочна седницата на која треба да се потврди или отфрли одлуката за распишување на референдумот од страна на Собранието на РМ на 30 јули, а како присутни се повикани иницијаторите Левица и Светски македонски конгрес кои тврдат дека референдумското прашање е непрописно.
Претставниците на Левица и СМК бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.
Првата можност е да ја отфрли иницијативата, ценејќи дека прашањето не е такво за Уставниот суд да постапува. Втората може да биде Судот да ја одбие, односно да не поведе постапка кога веќе ја ставил во фаза на одлучување, и третата, може да одлучи да поведе постапка отпосле, да оди и на соодветно укинување или поништување.