19 Декември, 2025
0.1245

Започна враќањето на парите од проектот „Скопје 2014“, „Фактор“ дознава која е следната истрага пред завршување

Објавено во: Финансии 05 Јули, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Вратените 430.000 евра од страна на Владимир Тодоровиќ, поранешниот градоначалникот на општина Центар, и  уште две лица  осомничени за злоупотреби при изградба на мостот „Око“, со тоа што ја надоместиле штетата која и била нанесена на општина Центар може да се смета за почеток на долгонајавуваното враќање на парите од фамозниот проект „Скопје 2014“. 

Тоа е прва завршена истрага од страна на финансиската полиција, а Фактор“ од свои извори дознава дека следна која треба да биде завршена и објавена е за преплатено идејно решение за изгледот на коњаникот и фонтаната, односно за плоштадот „Филип Македонски“ во скопската населба Автокоманда. Само за „цртежот“, според сознанијата на „Фактор“ биле платени 300.000 евра, додека целокупниот проект чинел околу 1.500.000 евра. Во тек се уште неколку други истраги кои се пред финализирање.

Идејно решение за коњаникот и за фонтана со придружни фигури, вклучуваат и фонтана и постамент.што е исполнет со релјефи.  

Сите скулптури се дело на Валентина Каранфилова - Стевановска, а споменикот беше поставен на 21 јуни 2011 година. 

Инаку, вратените 443. 000 евра за мостот „Око“ се од хрватскат фирма Конструктор инженеринг,која е под стечај, а од општина Центар потврдиле дека првата трансакција била направена пред недела дена.

Арафат Муареми,  директор на финансиска полиција претходно потврди дека се поднесени кривични пријави до ОЈО, но и дека лицата биле спремни да ја надоместат сумата во целост за што добиле потврдија од општината за извршена трансакција  на 30. 06. 2018 година. 

Адвокати за „Фактор“ велат дека вратените пари значат олеснителна околност, но не и ослободување од одговорноста. Следниот збор, по завршувањето на истрагата, го има Обвинителството, кое треба да одлучи како би ги оквалификувало обвиненијата. Доколку станува збор за проневера, се одговара кривично и затворската казна би можела да биде од две до четири години. Според прописите, ќе се провери и дали е потребно да се врати дополнителна сума по пресметана камата.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми