15 Декември, 2025
0.0330

Започнува голем награден конкурс „Еко совест на општеството“

Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2014 13:45

Добивај вести на Viber

Од 20 јули до 1 септември 2014 ќе се случи голем награден конкурс на темата „Еко совест на општеството“ во кој ќе можат да земат учество сите медиуми (печатени и електронски) т.е. новинари и фоторепортери кои ќе достават оригинален објавен новинарски текст поддржан со фотографии на темата, а ќе има за цел да ја посочат, потенцираат и актуелизираат граѓанската и институционалната несовест и невнимание кон околината. Овој конкурс е во организација на невладината организација „4х4х4 Балкански мостови“ (во рамки на проектот проширување на ENV.net во земјите на Западен Балкан и Турција, поддржан од Европската Унија ), а со огромна поддршка од „Пакомак“- друштво за управување со пакување и отпад од пакување, како и „Нула отпад“- друштво за управување со батерии и електронски отпад. Сите пријавени фото-стории ќе бидат оценувани од страна на стручно жири, составено од претставници на организаторите на конкурсот, претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање, по еден претставник на медиум, како и претставник на една невладина организација. Како би се овозможила што поголема објективност во оценувањето секоја приложена фото-репортажа ќе биде анонимна за жирито кое ќе оценува. Главните три награди предвидено е да бидат објавени на 19 септември, денот кога започнува Светската еколошка кампања „Да го исчистиме Светот“, светски ден посветен на помошта и поддршката на разни еколошки општествени акции во справуавње со се поголемите количини на отпад кои не опкружуваат. Како најавуваат организаторите за првата награда предвидена е парична награда од 25.000 денари, додека 15.000 за втората и 10.000 денари за третата награда, а за медиумот кој ќе биде избран од страна на јавноста врз основа на значителен придонес во информирањето на јавноста за темите од екологијата и човековата околина, „Пакомак“ како и „Нула отпад“ ќе обезбедат сет од  опрема за сепарирање на отпадот кој се креира во самата редакција (садови за хартија, пластика, стакло, батерии и слично) „Целта на нашето учество и поддршка на овој конкурс е да ја подигнеме свеста кај поширокото граѓанство и институциите за важноста сите подеднакво да се грижиме за средината во која живееме. Преку посочување на несовесното однесување на одредени поединци да се укаже на лошите примери и воопшто да се оцрта нивото на еколошката совесност која ja поседува нашето општество. Сметаме дека новинарите и медиумите воопшто се најмоќната алатка преку која ќе можеме да допреме до што поразлични структури на граѓани и вистински да допринесеме да ја подигнеме еколошката совест кај секој од нас“, изјави Филип Ивановски, генерален менаџер на Пакомак. На 19 септември, денот  кога ќе се прогласат победниците планирано е да се реализира изложба на сите пријавени стории и фотографии која понатаму е планирано да посети и уште неколку други градови во земјава. Сите заинтересирани новинари и фоторепортери кои сакаат да учествуваат на овој конкурс ќе можат да се запознаат со подеталните информации во врска со правилата и механизмот за пријавување на следниве веб страници: http://pakomak.com.mk; http://nulaotpad.com.mk; http://4x4x4bb.org

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“