Започнува новата ера во тргувањето
Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2016 14:56
„Еден робот не треба да предизвикува штета на човештвото или преку пропуст да предизвика штета на човештвото“. Така гласи еден од законите на Исак Асимов во неговиот зборник од раскази „Јас роботот“. Овие зборови, сепак се повеќе губат смисла во современото технолошко општество во кое автоматизацијата го менува човечкиот труд, а како последица на тоа невработеноста и намалувањето на цената на трудот секогаш водат до човечка несреќа.
Финансиските пазари, како дел од економскиот систем, исто ги следат овие трендови.
Секој човек кој помалку или повеќе имал контакт со тргување, знае дека многу години постојат два главни пристапа за утврдување на цените на дадена предност - техничка и фундаментална анализа.
При првиот пристап се користи главно квантитативна анализа на минатите вредности на финансиските инструменти - цена на отворање, цена на затворање, највисока или најниска вредност, волумени, стандардна девијација и др., додека кај вториот се анализира најмногу економската логика зад менувањето на цената на средството - макро и микро показателите.
Независно од приодот кој даден инвеститор го избира, со развојот на технологијата сега е можно компјутер да го врши овој сложен инвестициски процес, имено - преку автоматизирани системи за трговија, наречени уште експертски системи.
Што сепак претставуваат тие? Накратко, тоа се алгоритми кои се сведени на програма која купува и / или продава, кога еден услов постои на финансиските пазари. Овие алгоритми всушност се дадени инвестициски стратегии кои секој инвеститор ги совладал во практиката.
На пример, ако ние сме трејдери и по години искуство знаеме дека кога средното движење на средството со кое тргуваме, е 2 поени на ден, а во дадениот ден цената се зголеми за 5 поени, тогаш има огромна шанса цената да расте во наредните денови. Затоа наместо да седиме секој ден пред мониторите и да бараме такви средства, кои ја следат оваа логика, можеме само да напишеме програма која ќе следи за тоа и сама ќе го врши сето тоа. Апсолутно истата логика важи и кога сме инвеститор кој претпочита фундаментална анализа, а во финансиските извештаи приходите и расходите на компанијата „Х“ се за 20% повисоки од предвидените вредности.
Кои се сепак позитивните и негативните страни на автоматизираните системи за трговија?
Една од позитивните страни е заштеда на време и пари. Тоа, впрочем, е можеби најголемиот плус, па наместо да истражувате дадена економска логика две - три години, само може да се следи нејзиниот финансиски резултат по избран од вас временски период. Ова ќе ви заштеди време, а тоа е единствениот незаменлив ресурс. Ќе бидат заштедени и пари, ако стратегијата ви е погрешна, што се случува во 90% од случаите.
Ефикасноста во спроведувањето на инвестициските стратегии е друга исклучително предност, бидејќи компјутерите немаат чувства, а практиката покажува дека многу трејдери доживуваат неуспех, бидејќи не можат да ги контролираат своите емоции.
Оптимизацијата е оваа позитивна страна на автоматизираните системи за трговија, која овозможува да се постигне главната идеја во економијата, имено - да се максимизира профитот за сметка на даден ризик. Оптимизирањето овозможува да се пресметаат најдобрите влезни параметри на вашата инвестициска стратегија, која ве доведува до најголем профит.
Постојат меѓутоа и голем број на негативни страни.
Една од нив е недостатокот на доволно сигурни податоци. Само човек кој не се соочил со овој проблем, не знае колку е тешко всушност да се најдат сигурни извори на информации за квантитативна анализа. Ова е можеби најголемиот проблем при експертските системи, зашто целата анализа на дадена стратегија, а оттаму - на влезните параметри и оптимизирање, ќе биде главно врз основа на овие податоци.
Друг недостаток е постојаниот мониторинг на процесот - потребно е постојано да се следи дали влезните параметри се толку ефикасни колку што биле во минатото, или веќе пазарот го променил својот ритам. Исто така треба да се следи дали се случиле грешки (механички грешки) во самата програма.
Па така во заклучок можеме да истакнеме дека како секое нешто во животот, така и автоматизираните системи за трговија си имаат свои предности и слабости. Единственото сигурно сепак според мене е дека ако некој инвеститор има сличен систем за управување со капиталот, тогаш неговата лична среќа во финансиски аспект неможе да бидат нарушени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





