Започнува официјалната продажба: Од утре серијата Samsung Galaxy S20 достапна и во Македонија
Објавено во: Мои пари 12 Март, 2020 12:03
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го објави почетокот на официјалната продажба на трите нови флегшип телефони од Galaxy S20 серијата на домашниот пазар. Продажбата започнува утре, 13. март, по препорачаните малопродажни цени од 53.999,00 МКД за Galaxy S20, 59.999,00 МКД за Galaxy S20+и80.999,00 МКД за Galaxy S20 Ultra. Кога станува збор за боите, Galaxy S20 ќе биде достапен во космичко сива, космичко сина и космичко розева боја, S20+ во космичко сива, космичко сина и космичко црна, додека S20 Ultra ќе биде достапен во космичка сива и космичко црна боја.

Бидејќи корисниците денес, повеќе од кога било досега, го снимаат своето секојдневие и ги забележуваат важните моменти со помош на смарт телефоните, камерата стана најважниот елемент за сите кои купуваат нов телефон. Оваа линија на паметни телефони доаѓа со потполно нов дизајн на камерата, комбинирајќи вештачка интелигенција со најголем Samsung сензор досега, за фотографии со совршен квалитет. Galaxy S20 и S20+ доаѓаат со камера од 12MP Dual Pixel технологија, додека S20 Ultra има камера дури со 108 MP, со можност за зумирање со Space Zoom-от до 100 пати, со кое фотографиите го задржуваат високиот квалитет. Благодарејќи на најголемиот сензор досега, резолуцијата на камерата е значајно зголемена, што резултира во повеќе детали и дополнителна флексибилност при уредување, сечење и зумирање. Со можноста да се снима во 8K резолуција корисниците можат да прават реалистични снимки, од кои дури и оние кои се направени во нестабилни услови се чини дека се креирани со помош на професионална акциона камера.

„Денес, гордо можеме да кажеме дека Samsung е секогаш во чекор со мобилните иновации со кои се брише границата на сегашноста и иднината на паметните телефони, спојувајќи ги во една нова и модерна реалност. Очекувањето на најдоброто од Samsung од страна на корисниците и исполнувањето на истите од овој корејски бренд, стана новата норма во светот на мобилната технологија. Овие мобилни уреди ќе им овозможат на корисниците досега невидено мобилно искуство, кое комплетно ќе им го трансформира животниот стил, ќе им го олесни секојдневието и ќе им го модернизира начинот на кој комуницираат. Со S20 серијата невозможното дефинитивно станува возможно, со можност за снимање и во реалистична 8K резолуција, а со Super Zoom опцијата на новата напредна камера на S20 Ultra, која овозможува неверојатно квалитетно зумирани детали и до 100 пати - далечината станува “блиска” реалност.“, изјави Марјан Блажески, директор на продажба на IM сегментот на пазарот во Македонија, Косово и во Албанија на компанијата Samsung Electronics Adriatic.

Со оглед на тоа дека припаѓа на семејството на Galaxy уреди, серијата S20 им ги носи на корисниците сите придобивки од овој екосистем. Позната е по своите добри перформанси и можности, кои се однесуваат на камерата, екранот, батеријата и безбедноста. Samsung Knox сигурносниот систем ги штити корисниците и нивните уреди, примајќи месечни и квартални извештаи за безбедноста. На располагање се и услуги кои овозможуваат пристап на повеќе од 5.000 Samsung или партнерски производи, преку SmartThings апликацијата.
Повеќе информации за серијата Galaxy S20 можете да добиете на:
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





