Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје
Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2021 14:47
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на итна седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити поради измамнички и манипулативни дејствија донесе Решение со кое трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје,чиј управител е В.M, соопштија од КХВ
Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работење и на лицето Д.Д., кој е овластен инвестиционен советник во друштвото.
„Имено, управителот на Друштвото В.M. противзаконски преправал оригинална исправа и таквата исправа ја употребувал како вистинска, со што има основано сомневање дека сторил кривично дело фалсификување на исправа. Истовремено, друштвото не ја одржувало основната главнина и потребните ликвидни средства во секое време, што е негова обврска согласно член 149 од Законот за хартии од вредност. Исто така, друштвото склучувало договори за непосредно управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент за што нема дозвола од Комисијата, со што го прекршило член 172 од Законот за хартии од вредност и се вклучило во активности со кои ги доведувало во заблуда клиентите или пак имаат за цел нивна измама.
Со цел да му се оневозможи на Друштвото да прима нови уплати на парични средства, како и заради заштита на правата и на правните интереси на клиентите со веќе склучени договори, Комисијата за хартии од вредност на денешната седница на 26 февруари, 2021 година, донесе и Решение за замрзнување на парични средства на сметките на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје во банките и во другите финансиски институции. За утврдените злоупотреби извршени од Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје Комисијата ги извести другите надлежни органи, стои во соопштението од Комисијата за хартии од вредност
Со трајното одземање на дозволата за работа Ј.К.Морган и Велтх ДООЕЛ Скопје не смее да ги извршува сите услуги за кои има добиено дозвола од КХВ, поради што Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје, Комисијата го избриша од Регистарот на Друштва за инвестиционо советување, кој го води на својата веб страна.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




