17 Декември, 2025
0.2057

ЗАРАДИ САНКЦИИТЕ: Русија ќе ја удри Црна Гора каде што најмногу ја боли!

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2014 18:58

Добивај вести на Viber

Сергеј Глазјев, советник на рускиот претседател Владимир Путин, смета дека Москва треба да и одговори на Црна Гора заради поддршката на европските санкции кон Русија и заради отворената антируска политика на црногорската влада. Според Глазјев, одговорот треба да биде со намалување на бројот на чартер летови кон Црна Гора и пренасочување на руските туристи кон Крим. Како што пишува весникот „Росискаја газета“, веќе од следното лето, бројот на руски државјани што ќе летуваат во Црна Гора би можел значително да се намали, а руските туристи да се преориентираат кон Крим и црноморските летувалишта, кои имаат послабо развиена инфраструктура. Русите во последните неколку години постојано се истиснуваат од Црна Гора - на големите компании им се одземаа претпријатијата и бизнисите, наведува весникот, потсетувајќи на примерите на железарницата во Никшиќ, рудникот за боксит, КАП и неколку хотели во Црна Гора. Владата на Црна Гора уште во април отворено ги поддржасанкциите на ЕУ и САД против Русија, а следејќи ја ЕУ, Црна Гора не ја поддржа ниту резолуцијата на Русија во Обединетите нации со која се осудува глорификацијата на нацизмот, потсетува Глазјев.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата