Заразена пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ - трет случај во Собранието
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Октомври, 2020
Трет случај на коронавирус е регистриран во македонското Собрание.
Пратеничката Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на коронавирус.
Деновиве се заразени пратениците Исмаил Јахоски од ДУИ и Лазе Таневски од СДСМ.
Пратеничките групи не постигнаа согласност за прекин на работата со физичко присуство, па дебатата на координаторите на групите продолжува кај спикерто Талат Џафери и следниве денови.
ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа идејата пратениците да работат од дома, онлајн додека трае пандемијата, сметајќи го тоа како неуставно.Владата попладне ќе има седница онлајн.
Mинистерот за здравство, Венко Филипче деновиве го кажа својот став дека е добро и Собранието да работи онлајн.
Деновиве имавме високи бројки на заразени кои се приближуваа кон 400.
Во последните 24 часа има 80 нови позитивни.
Болниците во Македонија се полни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.