16 Декември, 2025
0.0804

Засега нема нови анти ковид мерки, потврди Мехмедовиќ

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 15:34

Добивај вести на Viber

Eпидемилошката состојба во болниците е стабилна, иако укажува на зголемување на бројот на случаи, но нема зголемување на бројот на хоспитализирани, изјави д-р Злате Мехмедовиќ на прес-конференција по денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, одржан по повод актуелната епидемиолошка состојба во Македонија. Нови анти ковид мерки нема да има. 

Тој кажа дека Комисијата работи на систем за зајакнување на примарниот дел од здравството што е најоптоварен со заразените со ковид.

„Најголемиот дел од оптовареноста на системот е на грбот на матичните лекари. Комисијата работи на систем за зајакнување на примарниот дел од здравствениот систем. Ги дефиниравме просторот, опремата и кадарот кои треба да бидат вклучени во реорганизацијата. Во текот на наредната недела треба да почнат со работа пет ковид-амбуланти на територијата на Скопје, кој моментно е најзасегнат со број на заразени. Сметаме дека ова е добро решение на намалување на проблемите во однос на дијагностиката и на третманот“, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.631 тестови, а регистрирани се нови 788 случаи на КОВИД-19: Скопје – 350, Битола - 59, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.  Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Струга (89г) и Охрид (92г), двајцата се починати  во болнички услови.                                                                


Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се  регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г).  Двајцата се починати  во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 - 12.07.2022г.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“