05 Декември, 2025
0.1628

Заштедите на идните пензионери достигнаа 2,5 милијарди евра! Каде се чуваат нивните пари?

Објавено во: Финансии 27 Август, 2024 08:05

Добивај вести на Viber

Уплатите на идните пензионери во сите три фонда на вториот задолжителен пензиски столб во јули изнесуваат 32,4 милиони евра. Бројот на вработени лица кои штедат во овој систем произлезен од големата пензиска реформа  надмина 602.000 лица, а просечно по глава на инвеститор досегашната заштеда е 4.080 евра. Дури 65% од нивните пари се вложени кај државата во обврзници

Вкупните заштеди на идните пензионери во трите задолжителни пензиски фондови од вториот столб на крајот на јули годинава достигнаа врендост од 2,46 милијарди евра, покажуваат најновите официјални податоци на МАПАС, државното регулаторно тело што ја регулира работата на друштвата кои управуваат задолжителни пензиски фондови на идните пензионери.

Вкупната бројка на сегашни вработени кои плаќаат придонеси во вториот задолжителен пензиски столб изнесува 602.825 лица на крајот на јули годинава.

За период од еден месец (јуни наспроти јули 2024 година) бројот на идни пензионери кои штедат во некој од трите фонда на вториот столб се зголемил за 1.264 лица.

За овој период (еден месец н.з.) вредноста на нето средствата во трите фонда од вториот столб е зголемена за 32,4 милиони евра

Просечната заштеда односно акумулација на средства по лице заклучно со крајот на јули годинава изнесува 4.080 евра.

Официјалните податоци на МАПАС покажуваат дека убедливо најголем дел од средствата, согласно со законските ограничувања, се вложуваат во домашни (читај н.з. државни) обврзници. Вкупната вредност на вложувања во државни обврзници на крај на јули изнесува 1,595 милијарди евра. Односно државата низ годините на постоење на вториот задолжителен пензиски столб акумулирала 65% од сите нето средства на идните пензионери.

Втора по големина ставка во која се пласирани парите на идните пензионери се странските инвестициски фондови. Вкупната вредност на вложувањата во странски инвестициски фондови е 638,5 милиони евра.

Од сите нивни средства само скромни 50 милиони евра се пласирани во акции на домашни компании.

Во Македонија работат три фонда во вториот задолжителен пензиски столб. Најголем од нив е фондот со кој управува КБ Прво пензиско друштво и располага со 1,21 милијарда евра на идните пензионери. Втор по големина е Фондот на Сава пензиско друштво кој управува со 1,1 милијарди евра. Трет е најмладиот фонд со кој управува Триглав пензиско друштво и неговата вредност изнесува 181 милион евра.

Повеќе детални информации на следниот линк https://mapas.mk/wp-content/uploads/2024/08/bilten-072024-web.pdf

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката