ЗАШТЕДИТЕ РАСТАТ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА, дали стравот од поголема немаштија ги тера граѓаните да штедат?

Објавено во: Финансии 22 Септември, 2022 07:15
Иако сме во екот на една од најголемите економски кризи, податоците на Народна банка за растот на заштедите збунуваат. Последните податоци покажаа дека финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година забележал раст, највисок во изминатите десет години.
- Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, кој покрај депозитите во банките ги вклучува и другите облици на штедење и финансиско вложување на домаќинствата (како што се вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, средствата во пензиските фондови, вложувањата во инвестициските фондови и во осигурувањето на животот, готовите пари во оптек и слично), заклучно со крајот на 2021 година, изнесува 498 милијарди денари (8,15 милијарди евра) и на годишна основа пораснал за околу 43 милијарди денари, или за 9,3 отсто - објави НБРСМ.
Притоа е нагласено дека во текот на минатата 2021 година, домаќинствата тежнееле кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови.
Народна банка и во редовните извештаи регистрира раст на финансиите на граѓааните.
Па така и во август депозитите на месечно ниво забележаа раст од 1,2 отсто, додека пак на годишна основа депозитите се зголемени за 1,7 проценти, а поизразени се депозитите на домаќинствата.
Ваквите податоци делуваат контрадикторно и збунувачки, велат финансиски експерти кои ги консултиравме. Според нив, нејасно е како има раст на депозитите, на заштедите кога кај граѓаните преовладува чуството на сиромаштија, но и на грижа околу иднината поради немаштијата во која запаѓаат.
- Нелогично е во ваков период кога имаме значително зголемување на трошоците да има раст и на заштедите. Но, мора да сме свесни дека граѓаните може да штедат и од страв. Се плашат да трошат поради неизвесноста, поради стравот дека состојбите може да се влошат, па чуваат финансии за во иднина, или за полоши ситуации. Едноставно има граѓани кои штедат од претпазливост - вели поранешниот министер за финанси, Џевдет Хајредини.
Тој воедно потенцира дека е значајно да се утврди дали растат заштедите во денари или во депозити. Појаснува оти растот на депозитните заштеди укажува на недоверба во вредноста на денарот.
- Исто така е значајно да се види која категорија на граѓани штеди, односно ги зголемува своите заштеди. Дали станува збор за одредени група на граѓани, дали истите категории ги зголемуваат штедните влогови. Бидејќи реално е да се очекува оти сиромашните категории нема да можат да штедат, оти не им стигнуваат примањата ниту за основните потреби. Поголем дел од пензионерите на пример не можат да штедат, оти пензииите се премали - дополнува Хајредини, и додава дека е потребна сеопфанта анализа која ќе покаже точно чии заштеди растат.
Колку растот на заштедите е показател за состојбите во земајва, и дали во следните месеци, па можеби и години, заштедите ќе добијат нов терк поради континуираниот раст на цените на производите во малопродажба допрва ќе видиме.
- . Во текот на 2021 година, однесувањето на
домаќинствата беше под влијание на економското закрепнување, но и на
бројните неизвесности од окружувањето што беа присутни во текот на годината
поврзани со продолженото траење на пандемијата, ефектите од нарушените
синџири на снабдување врз деловните активности на компаниите, а кон крајот
на годината и зголемената стапка на инфлација предизвикана од растот на
цените на светските берзи. Во вакви услови, вложувањата на домаќинствата во
депозитите кај банките главно беа во девизи и на многу кратки рокови, што
предизвика одредено зголемување на степенот на евроизација на депозитите на
домаќинствата (мерен преку учеството на девизните депозити во вкупните
депозити на домаќинствата). Но, имајќи ја предвид непредвидливоста на целокупното опкружување
предизвикана од продолженото траење на пандемијата и геополитичките тензии
и случувањата помеѓу Русија и Украина, а особено растечките цени на
производите и нормализацијата на монетарните политики, дополнително растат
ризиците за задолженоста на домаќинствата и нивната способност за отплата на
долговите. Со тоа се зголемуваат и ризиците за потенцијално идно поголемо
остварување на кредитниот ризик и раст на нефункционалните кредити на банките. Имено, растечката инфлација може неповолно да се одрази врз
куповната моќ на населението, но и врз способноста за редовна отплата на
долгот, што може да доведе кон зголемување на стапката на нефункционални
кредити и на кредитните загуби на банките. Особено ранливи се повисоко
задолжените слоеви на населението во однос на расположливиот доход, кои
имаат поограничен простор за ублажување на ефектите од ценовниот шок - се потенцира во извештајот на НБРСМ.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
КОГА НЕКОЈА БАНКА ЌЕ „ЗАЧКРИПИ“, ЌЕ ИМА ФОНД ЗА РЕШАВАЊЕ, А ЌЕ ГО ФИНАНСИРААТ САМИТЕ БАНКИ - надлежен орган ќе биде Народната банка, еве кога стартува новата регулатива

САМО ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ВЛОЖЕНИ НАД 320 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖНИНИ: се купувало со засилено темпо, забележан е раст од 16 проценти

НАЈНОВО РАНГИРАЊЕ, КОЛКУ ТЕЖАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ - се „шушка“ за можни купопродажни зделки, кој е во игра?

ВО ОВОЈ РЕГИОН ЌЕ ВИ ПЛАТАТ САМО ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Даваат пари и за реновирање на домот, може да добиете и до 100.000 евра

СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА НАЈБОГАТИОТ ГЕРМАНЕЦ? Неговата компанија крие темно минато

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР - Николетопулос останува сѐ додека новиот прв човек не ги добие сите потребни согласности

ЛУЃЕТО САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, СУМАТА СЕ БЛИЖИ ДО ТРИ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде и како решивте да ги вложите вашите слободни пари

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ, КОМЕСАР ДА БИДАМ: Земаат околу 28.000 евра плата, ама во споредба со платата на Фон дер Лајен тоа не е ништо
