05 Декември, 2025
0.1019

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА - Кина ќе издаде ултра долги специјални државни обврзници од 55 милијарди јуани

Објавено во: Финансии 18 Јули, 2024 12:41

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии на Кина објави дека државата ќе издаде нова четврта серија на ултра долги специјални државни обврзници на 24 јули.

Обврзниците ќе достигнат вредност од 55 милијарди јуани или околу 7,7 милијарди американски долари, ќе бидат издадени со рок од 30 години и каматна стапка во зависност од конкурентното наддавање.

Ултра долгите специјални државни обврзници обично се однесуваат на оние со рок на траење од повеќе од 10 години.

Кина веќе имаше издадено ултра долги обврзници оваа година. И тоа обврзници со рок од 20 години, 30 години и 50 години на 24 мај, 17 мај и 14 јуни, соодветно. Издавањето на последната серија од овие обврзници ќе биде завршено до средината на ноември.

Аналитичарите велат дека издавањето на обврзниците е важен дел од овогодинешните проактивни фискални политики, што ќе помогне да се зајакне довербата и очекувањата на пазарот и подобро да се поддржи економскиот развој.

Од друга страна, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот го ревидираше економскиот раст на Кина за 2024 година до 5 отсто, што е зголемување во споредба со прогнозата од 4,6 отсто во април.

Ревизијата првенствено се припишува на закрепнувањето на приватната потрошувачка и силниот извоз во првиот квартал.

- Заживеаната домашна потрошувачка во Кина го поттикна растот во првиот квартал, потпомогнато од, како што изгледаше, привремен пораст на извозот, кој со задоцнување повторно се поврзува со минатогодишниот пораст на глобалната побарувачка - се вели во извештајот.

ММФ ја задржа својата прогноза за глобален раст во 2024 година на 3,2 отсто, истакнувајќи дека пазарните економии во Азија во развој остануваат главниот мотор за глобалната економија.

Обемот на светската трговија се очекува да порасне за 3,1 отсто во 2024 година и 3,4 отсто во 2025 година, секој за 0,1 процентен поен повеќе од априлската проекција.

China EximBank издава финансиски обврзници за поддршка на соработката „Појас и пат“.

Но, не е само државата што издава обврзници во Кина. Слична најава објави и „ China EximBank“ која лансираше финансиски обврзници за да ја зајакне соработката за Иницијативата „Појас и пат“.

Ова е првпат вакви обврзници, кои доспеваат по три години, да се тргуваат надвор од меѓубанкарскиот пазар, при што собраните средства имаат за цел да ги поддржат проектите BRI на „China EximBank“, објави банката, пренесува „Xinhua“.

-  Како банкарска политика која ја поддржува надворешната трговија, инвестициите и меѓународната економска соработка на Кина, кинеската EximBank досега има издадено 39 милијарди јуани (околу 5,47 милијарди американски долари) финансиски обврзници за промовирање на соработката со БРИ – соопштија од банката.

За да го зајакне финансирањето на проектот БРИ, Кина минатиот октомври објави дека две кинески банки за политика, вклучително и Кинеската ЕксимБанк, секоја ќе постават прозорец за финансирање од 350 милијарди јуани, а дополнителни 80 милијарди јуани ќе бидат инјектирани во Фондот за Патот на свилата. 

Извор: Xinhua

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката