05 Декември, 2025
0.0288

ЗАСВЕТИ ЦРВЕНО И НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА, ДВА ДЕНА ПАЃА МБИ10 - еве кои причини ги издвојуваат познавачите

Објавено во: Финансии 07 Август, 2024 11:22

Добивај вести на Viber

Два дена по ред засвети црвено на Македонската берза. Трендот почна во понеделникот, а и вчерашниот ден помина во знакот на мечката.

Она што може да се издвои секако дека е фактот што црвената боја на двата берзански дена ги „офарба“ токму најголемите и најмоќните, имено дел од акциите на компаниите од берзанскиот индекс МБИ 10, односно најтргуваните и компаниите со најголема пазарна капитализација.

МБИ10 вчера се намали за 1,07 отсто, а во понеделникот за 1,74 отсто. 

Но, она што треба да се истакне е дека падовите не се воопшто големи, а познавачите ова го квалификуваат како извесна корекција, која е поврзана со случувањата на светските берзи. 

Вчера на пример, на Комерцијална банка цената на акцијата се намали за 2,59 отсто, а кај НЛБ банка таа се симна за 2,52 проценти. Другите акции имаа помали минуси, имено „Макпетрол“ се намали за 1,03 отсто, Стопанска банка Скопје имаше помал минус од 0,17 отсто, а сосема незначителни намалувања имаа и Алкалоид, Телеком и Гранит, додека, пак, Реплек и Стопанска банка Битола забележаа дури и пораст на цените на нивните акции, и тоа за 4,64 проценти и 1,28 отсто соодветно.

Да видиме што се случуваше во понеделникот. 

На тој ден, односно петти август, или првиот после празниците, Комерцијална се намали за 3,58 отсто, Макпетрол за 2,44 отсто, а Алкалоид за 0,96 проценти, додека другите акции или не се тргуваа или немаа промении.

Брокерите со кои Фактор разговараше издвојуваат две причини.

Горан Марковски од КБ Публикум вели дека основна причина се случувањата на светските берзи, чии индекси значајно паднаа во понеделникот. Но, според него, на нашата Берза во претходниот период имаше големи растови, особено кај одредени акции, па сега е и логично да има извесно „приземјување“.

„Се случи мала корекција, а причина се два комбинирани фактори. Првиот фактор се случувањата на светските берзи, а нашата секако дека е поврзана, колку и ние да сме мала и изолирана економија, но логично е дека кога таму има падови, тоа да се рефлектира и во земјава. А, на светските берзи најголема причина зошто дојде до овој пад се податоците кои пристигнаа од САД, за помалку отворени работни места од очекуваните, што го подгреа стравот од рецесија. Имено, според последниот неделен податок од САД, наместо очекуваните 206 илјади работни места, отворени се 114 илјади. Сето тоа доведе да се размислува ФЕД уште во август да ги намали каматните стапки, и не за 0,25 процентни поени, туку за 0,5 поени“, објаснува Марковски, нагласувајќи дека случувањата со Блискиот Исток и особено сега со драматичната состојба со Иран секако дека имаат голем ефект, но сепак, според него, поголема причина е стравот од можна рецесија.

Исто така, според Марковски, имаме и една интерна причина.

„Имавме подолг период голем раст, и вообичаено е после такви растови, да има мала надолна корекција. Но, нема место за никаква вознемиреност, особено ако се има предвид дека минусите се најголеми кај оние акции кои имаа најголем раст“, објаснува Марковски. 

Инаку, вчера азиските берзи се вратија по завчерашниот вртоглав пад. По големите загуби во понеделникот, негативниот тренд не продолжи во вторник во првите утрински часови од тргувањето со хартии од вредност на европските берзи. Најзначајните берзи на почетокот на вчерашното работење забележаа благо закрепнување по „црниот понеделник“. Во Лондон индексот ФТСЕ 100 порасна за 0,5 отсто, во еврозоната парискиот индекс CAC 40 порасна за 0,2 отсто, а најважниот германски индекс ДАХ во Франкфурт на Мајна веќе во првите минути од работата „скокна“ за цели 0,7 проценти.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката