13 Јуни, 2024
0.0273

ЗАТЕКНАВМЕ ЦЕЛОСНО ОПОЖАРЕН СТАН, ПЛАМЕН ИЗЛЕГУВАШЕ ОД ПРОЗОРЦИТЕ - Еве ги деталите од несреќата во Хром каде загина 35 годишен маж

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Маж на возраст од 35 години со иницијали И.Ј. е лицето кое денес почина во пожар кој избувнал во стан во скопската населба Хром. 

Како што информираа од протипожарната екипа претходно, едно лице беше пронајдено починато по гасењето на пожарот, кој денеска избувна  во стан на улица „Исаија Мажовски“ во Хром. 

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека утрово, во 9:35 часот имале пријава за пожар. 

- Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците - изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица Звонко Томески.

На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица. 

Немилиот настан го потврдуваат и од МВР, од каде посочија дека станува збор за триесет и петгодишен маж кој починал изутринава во пожар во зграда во скопската населба Хром. 

Според известувањето од МВР пожарот бил пријавен во 9 часот и 47 минути во стан на улицата Исаија Маџовски. 

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита а во опожарениот стан пронајден починат е И.Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА НА НОЗЕ, ИСЧЕЗНА СТЕФАН: На Фејсбук се споделуваат деталите

БИТОЛА НА НОЗЕ, ИСЧЕЗНА СТЕФАН: На Фејсбук се споделуваат деталите

„Видовте дека со понижување на јавноста и со уценување на јавноста не се добиваат избори“: Лефков со остра критика

„Видовте дека со понижување на јавноста и со уценување на јавноста не се добиваат избори“: Лефков со остра критика

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На 18 јуни Мицкоски ќе го достави составот на идната влада до Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На 18 јуни Мицкоски ќе го достави составот на идната влада до Собранието

„Никаква гаранција немаме дека тоа нема да значи нови вработувања“: Битраков за најавената реорганизација

„Никаква гаранција немаме дека тоа нема да значи нови вработувања“: Битраков за најавената реорганизација

САШКО КОЦЕВ: Во училницата на моето дете ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња

САШКО КОЦЕВ: Во училницата на моето дете ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња

ЗАЕВ И ЦИПРАС УПАТИЈА ПОРАКА: Новото раководство на Северна Македонија го крши Преспанскиот договор

ЗАЕВ И ЦИПРАС УПАТИЈА ПОРАКА: Новото раководство на Северна Македонија го крши Преспанскиот договор

„КЛУЧЕН ПРИОРИТЕТ ЌЕ НИ БИДЕ ЗДРАВСТВОТО“: Мицкоски најави големи измени, дури и кратење на двојните директори

„КЛУЧЕН ПРИОРИТЕТ ЌЕ НИ БИДЕ ЗДРАВСТВОТО“: Мицкоски најави големи измени, дури и кратење на двојните директори

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА - жената е хоспитализирана во Еразмо

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА - жената е хоспитализирана во Еразмо

Османи: Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот

Османи: Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот