„Кошмар“ на Евзони: Српски туристи казнети со 1.200 евра, затоа што бугарските граничари заборавиле да стават печат на бугарската граница
Објавено во: Финансии 29 Јули, 2025 07:00
Крајот на одорот за овие туристи од Србија се претворил во кошмар, кога на излез од Грција, на ГП Евзони, при контрола на пасошите, едно од лицата добило казна од 1.200 евра, само затоа што немало печат во пасошот за влез во ЕУ кој го направиле на бугарска граница.
„Ви ја испраќам оваа информација во врска со непријатна случка која ни се случи при излез од Грција на Евзони. Имено, на 21.07.2025 година, преку Бугарија отидовме во Грција. Излеговме од Србија на граничниот премин Градина, а влеговме на граничниот премина Калотина. На 2 од 6 пасоша не е удрен печат од страна на Бугарите дека сме влегле во Бугарија (ЕУ). Денес, кога ќе враќавме за Србија, на Евзони не издвои гранична полиција и ни кажа дека два пасоши немаат печат, ниту дека во систем има податок дека тие лица влегле во Бугарија (ЕУ).Се обидовме да им објасниме дека сите заедно патуваме, затоа што едниот пасош е на малолетно дете и дека вината е на бугарскиот граничар, , меѓутоа не наидовме на разбирање, За едното полнолетно лице, сметаат дека илегално влегло во Грција и напишаа казна од 1.200 евра. Ако не ја плати ќе добие забрана за влез во рок од 4 години, се вели во сведоштвото во групата Грција Инфо.

Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




