Жбогар оптимист дека ќе се соберат 61 потпис за реформска влада
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 16:13
Евромабасадорот Самоел Жбогар е оптимист дека политичките партии може да соберат 61 потпис во собранието и да формираат влада која ќе биде посветена на реформите. Ова тој го посочи при посетата на Радовиш заедно со австриската амбасадорка Ренате Коблер.
„Ние како Европска Унија го набљудуваме самиот процес. Сите политички партии треба да бидат длабоко посветени на агендата на ЕУ. Ние мислиме дека нема да биде тешко да се обезбедат 61, па дури и повеќе од 61 потпис и новата влада да биде посветена на реформите, а тоа е важно за целата земја. Потребна е коалиција за реформи и токму поради тоа мислам дека нема да биде тешко да се соберат потписи за коалиција за да се спроведат реформите на Европската Унија“, изјави Жбогар.
Клучниот термин во пораката на Жбогар е реформска влада која ќе биде поздравена од Европската Унија со цел да се продолжи процесот на интеграција кој сега е закочен.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




