19 Декември, 2025
0.0581

ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА: Прилепчанец 8 години живеел со заборавена газа во грлото

Објавено во: Македонија 17 Април, 2018 08:25

Добивај вести на Viber

Трагичната сторија на семејството Петрески отвора дебата за квалитетот на здравствениот систем во Македонија.

Пред 6 дена му откриле газа во грлото стара 8 години која што пак претходно му ја заборавиле лекарите на максилофацијална хирургија во Скопје коишто му правеле операција од карцином на субмадибуларна жлезда во ноември 2010 година. Со овие обвинувања и потресна приказна пред нашата камера излегоа од семејството на 69 годишниот прилепчанец Сотир Петрески. Неговата состојба се влошува пред околу 5 месеци, тој оди постојано на контрола и живее во големи болки, а примил и две хемотерапии, сѐ  до 7 овој месец, ден пред Велигден, кога му пукнала старата рана. На 11-ти хирурзите во прилепскаската болница му ја пронаоѓаат газата. Петрески моментално не беше во состојба да зборува, се вели во сторијата на Сител.

- Срамота е ова што се случува во нашите болници, како може лекарите и целиот персонал да не гледаат што работат и да видат што има внатре пациентот. Јас тргам мака веќе 7 години, го болеше, но кога појде нема ништо ни велеа. Ни даваа само лекарства. Лекарства примавме секакви, имам и од онкологија лекарства, цела пензија давав за тоа. И што му помогна тоа ништо. Сега кога излезе ова му се олесни на човекот. Гној му течеше премногу, јас бев на лице место таму, сопругот мој плачеше од болки кога му ја вадеа газата, вели Илка Петреска, сопруга на Сотир Петрески.

Од одделението за максилофацијална хирургија во Прилеп го потврдија случајот, но не сакаа повеќе да коментираат. За ова Петрески имаат фотографи и документ од прилепската болница.

- Срамота е за здравството ова што се случува. Треба лекарите да си ги отворат очите. 8 години да носиш страно тело, нема да се разболиш ? Не сакам јас да ги осудат лекарите, не сакам да ги избркаат од работа, само да си ја признаат вината тоа сакам и да не се повтори овој случај на друг пациент, додаде Илка Петреска, сопруга на Сотир Петрески.

Според неговата сопруга Петрески сега се наоѓа подобра состојба, но вели дека наскоро планира да поднесе тужба против максилофацијална клиника во Скопје за овој случај.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината