26 Декември, 2024
0.0360

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Здружението на судии на РСМ, по објавувањето на веста дека судијата Енвер Беџети е ставен на црната листа на Соединетите Американски држави, побара брза разрешница наслучајот.

„Здружението на судии на Република Северна Македонија, смета дека ставањето на црната листа на САД, на било кој судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер на судската власт.

Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред се со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните Закони и препораките на Европската унија и Соединетите Американски, држави како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо разрешување на случајот, пред се заради зачувување на независноста и интегритетот на судската фела во земјата“, соопштија од таму.

 Беџети кој заедно со Артан Груби заврши на црната листа на САД, го привлече вниманието во јавноста кога Судскиот совет отиде во контрола во судот каде што тој работеше и утврди дека тој 9 месеци го чувал предметот „Таргет-Тврдина“ во кој првообвинет беше Сашо Мијалков, да застари.  Беџети тогаш беше осуден на парична казна, 20 проценти од платата во времетраење од 6 месеци.

Судскиот совет констатираше дека нема образложени причини зошто предметот за масовното незаконско прислушување познат како „Тврдина-Таргет“ судијата – известител Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје не го ставал 9 месеци на одлучување. Со тоа се создадени услови овој предмет од многу висок јавен интерес да застари и да се затвори.



Можеби ќе ве интересира

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство