19 Декември, 2025
0.0494

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА – Проф. д-р. Ирина Пановска-Ставридис: Сакам моите синови и сите деца следната година да се вратат во нивните училишта

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2021 07:30

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања од следната година.

Проф. Д-р Ирина Пановска-Ставридис, директорка на Клиниката за Хематологија очекува следната година да излеземе посилни и поумни од целогодишната ковид-криза.

2020 година ќе биде запаметена како година на тешко живеење. Ни донесе страв и неизвесност, не истрауматизира со пандемијата од вирусот КОВИД-19, предизвика економски падови и ја зголеми сиромаштијата во многу земји во светот. Вообичаениот живот во многу области запре. Најстрашни од се, се многубројните човечките загуби. Се судривме со нова сурова реалност која не упати на вистинските вредности на животот. Бавно се привикнуваме на новиот начин на живеење, но во очекување дека ќе излеземе посилни и поумни од сето ова.

Од лична перспектива, кога ќе погледнам наназад, 2020 година ќе ја запаметам како година кога максимално се посветив на работата да се справам со врвниот приоритет, обезбедување  континуирана здравствена услуга и грижа за една од највилнерабилните групи на пациенти во здравството, пациентите со малигни хематолошки болести, во услови на пандемија.

2020 за мене беше исполнета и со неколку многу значајни професионални успеси.

Најзначајно за мене е дека на Клиниката за хематологија, благодарејќи на тригодишното неуморно залагање, но и на моите лични референци и препораки од еминентни професори од САД,  и е доделена значителна финасиска поддршка во висина од 800000 долари од Европската комадна армија на САД. Со оваа инвестиција, целосно се заокружува процесот на обнова на просторните услови кој го започнав во 2018 година, со доаѓањето на чело на оваа институција. Сето тоа, заедно со воспоставените најсовремени методи на лечење и здравствена нега не етаблира во врвот на значајни центри за хематолошки болести во поширокиот регион. Можеби ќе звучи нескромно, но за мене ова е реализација на мојата визија да создадам современа, ефикасна и експертска клиника, организирана според најсовремените медицински стандарди.

Второ, исклучително горда и задоволна ме прави тоа што научно-истражувачкиот проект во областа на КОВИД-19 кој го предводам, чија поготовка е резулат на соработка на повеќе домашни и странски експерти, во исклучително силна конкуренција, беше избран за финасирање од страна Меѓународниот центар за генетски инженеринг и биотехнологија (ICGEB) во Трст, Италија. Овој проект даде шанса да се вклучиме во глобалната научна борба за справување со пандемијата КОВИД-19 и покажа дека во мала земја како нашата е препознат потенцијал за научно-истражувачка работа. На неколку дена пред крајот на 2020 година, сигурна сум дека новата 2021 година, светот нема да ја започне со самобендисаноста и наивноста од јануари 2020 година. Изминатата година беше добра лекција за сите нас, ни покажа колку сме слаби и ранливи. Но нè потсети и дека солидарноста, знаењето и разбирањето се излез и решение за оваа криза.

Верувам дека 2021 ќе биде година на нови предизвици но, и нови можности.

Да се биде лекар-интернист, хематолог и директор на јавна здравствена установа во време на пандемија е одговорна задача која бара многу работа, труд, знаење, посветеност, интегритет во функционирањето и одлучувањето. Иако целокупниот здравствен фокус се уште е насочен кон новиот непријател, Ковид-19, сепак моја прва љубов останува хематологијата, која преставува специфична, многу прогресивна и турбулентна гранка од медицината. Останувам фокусирано и посветено да ги следам новините во областа на хематологијата за да ги имплементирам во нашето секојдневно работење. Посакувам во новата година сите ние здравствените работници, заедно со целото општество, да работиме да создадеме добрина, разбирање и да ја опоравиме нашата ранета нација. Знам дека и следната година гордо, без задршка и истрајно ќе стојам на барикадите во борбата со КОВИД-19 и со моите колеги ќе се грижам за нашите пациенти, за нашата професија и за здравјето на нашата земја и светот. Повторно ќе одземам од моето слободно време, кое во прв ред сакам да го посветам на моите синови, ќе си го кратам и сонот за да ги остварам сите задачи кои ги имам поставено пред себе. Сакам моите синови и сите деца следната година да се вратат во своите училишта и безгрижно да уживаат во благодетите на нивното детство. На сите граѓани им ја честитам новата година и им ветувам дека ниту еден ден, ниту еден миг нема да остапам во мојата борба и мисија, да го чувам нивното здравје.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината