19 Декември, 2025
0.1181

Желбата и можностите за патување сведени на нула, наесен ќе има понуди за Доминиканската република

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата која не стивнува, граѓаните немаат желба ниту можности да патуваат.

Туристичките агенции ги нудат Турција, Епигет, Дубаи, Занзибар, Малдивите, а наесен се очeкува да има понуди и за одмор во Доминиканската република. Од агенциите велат дека мал дел од граѓаните кои се финансиски помоќни можат да си дозволат да отпатуваат во Мексико, а за Занзибар веќе се направи антиреклама со брачната двојка од Битола, која се врати оттаму, и беше заразена со британскиот сој, иако имаше стравувања дека се работи за јужноафриканскиот сој.

„Патување во Мексико можат да си дозволат едeн грст луѓе, а за Занзибар се направи антиреклама и нема интерес. Луѓето кои сега ќе одлучат да патуваат бараат понуди за  500-600-700 евра. Наесен ќе има понуди без тест за Доминиканската република“, објаснуваат од скопска агенција.

Скопските туристички агенции се жалат на огромен пад на обемот на работа, но во внатрешноста е уште полошо.

„Битола е мртов град. Не гледаме светло на крајот од тунелот. Никој никаде не патува. Дури и оние кои се поимотни, ако сакаат да одат на егзотична дестинација, тоа го прават во сопствен аранжман или преку скопските агенции“, додаваат од битолска туристичка агенција.

И во Кавадарци се жалат за истото. Велат дека оваа година ќе биде полоша од минатата.

„Телефоните не ѕвонат кај нас, нема работа, никој никаде не патува, поради страв од вирусот. Стравот си го направи своето. За Велигден имаме понуди за Турција, БиХ, Србија, но интерес за патување нема. Работата е падната за 100 отсто“, велат од агенција во Кавадарци.

Откако почна пандемијата, многу луѓе останаа без работа, и од туристичките агенции посочуваат и на овој фактор како клучен зошто нема патувања. Во овој момент многу луѓе не ни можат да си дозволат да патуваат. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот