ЗЕЛЕНАТА БОЈА СЕ ВРАТИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА, ПОРАСНА И МБИ 10 - еве каква е состојбата после вчерашното ценовно потонување
Објавено во: Финансии 08 Април, 2025 17:53
Зелената боја се врати на Македонската берза. Откако во петокот, а уште повеќе вчера, потонаа цените на речиси сите битни акции на македонските компании и банки, денеска бикот е повторно доминантен. Освен три компании каде што се уште има негативни движења кај цените на акциите, кај другите акции веќе се забележуваат позитивни вредности.
МБИ10 порасна за 0,8 проценти, пораснаа цените на акциите на Комерцијална банка, за 1,99 отсто, пиотоа на Алкалоид, за 1,07 отсто, на НЛБ Банка за 1,46 проценти, како и на Макпетрол, чии акции доживеаја нагорна линија од 0,88 отсто.
А денеска, пак, како што пренесоа светските медиуми, пазарите во Азија и Европа, но и американските берзи го почнаа денот со позитивна нота, но се уште се далеку од вредностите што ги имаа пред објавувањето на тарифите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Индексот S&P 500, кој собира стабилни и профитабилни компании, порасна за 3,3 отсто.
Технолошкиот индекс NASDAQ, во кој доминираат компаниите од високотехнолошкиот сектор, забележа раст од 3,6 отсто.
Индексот Dow Jones Industrial Average (DJIA), кој вклучува 30 водечки американски компании, исто така порасна за 3,3 отсто.
Н.Н.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





