Зеленски го подигна украинското знаме во ослободениот Изјум
Објавено во: Свет 14 Септември, 2022
Украинците ги враќаат окупираните градови под своја контрола. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети градот Изјум, им се заблагодари на војниците и го подигна знамето.
Тој свечено го подигна украинското знаме над зградата на градскиот совет, соопшти украинската воена бригада, пренесува „Ројтерс“. Претседателот накратко зборуваше за новинарите, велејќи дека сцената во Изјум, кој АП го опишува како уништен град, е многу шокантна. Руските сили го напуштија Изјум минатата недела, а Украина напредуваше во голема контраофанзива. Зеленски го повика Западот да ја забрза испораката на оружје.
Во близината на Харков, ослободени се над 20 села.фото Твитер