ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРОИЗВЕДУВААТ ПОВЕЌЕ ОРУЖЈЕ: Украина може да произведува 4 милиони дронови годишно
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2024
Украина може да произведува 4 милиони дронови годишно. Со ваква најави излезе украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој вели дека брзо го зголемуваат и производството на друго оружје.
„Во исклучително тешки услови на целосна војна под постојани руски напади, Украинците беа во можност да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.
Украинските власти не дадоа точни бројки.
„Украина тројно го зголеми своето вкупно домашно производство на оружје во 2023 година, а потоа повторно го удвои тој обем само во првите осум месеци од оваа година“, изјави премиерот Денис Шмихал на истиот собир.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.