ЗЕЛЕНСКИ ВО САД ПО ПОДДРШКА: Трамп најавува крај на помошта за Украина ако победи
Објавено во: Свет 24 Септември, 2024
Републиканскиот
кандидат за претседател на САД, Доналд
Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака неговата
демократска ривалка Камала Харис да победи на изборите во ноември. „Мислам дека
Зеленски е најдобриот продавач во историјата“, рече поранешниот претседател на
митинг во Пенсилванија, држава која може да биде одлучувачка на изборите.
Зеленски, кој во неделата беше во Пенсилванија, посети фабрика за муниција во Скрентон, како дел од пошироката турнеја за зајакнување на американската поддршка во борбата против руската агресија.
„Секогаш кога ќе дојде во земјата, тој си заминува со 60 милијарди долари. Тој навистина сака тие (демократите) да победат на изборите, но јас би го направил тоа поинаку, ќе работам за мир“, рече Трамп.
Републиканецот постојано тврдеше дека ќе може да преговара за крај на конфликтот, но не откри како ќе го направи тоа и не сакаше јасно да каже дали сака Украина да ја победи Русија. Тој се закани и дека ќе ја прекине американската помош за Киев, пишува агенцијата Ројтерс.
Зеленски во САД
Иако избегна експлицитно да го именува Трамп, Зеленски за време на интервјуто минатиот петок рече дека западните партнери „дури и денес, додека сите функционери кои сакаат победа на Украина се на нивните позиции“ мора да направат се што можат за да му помогнат на Киев да победи во војната. Ривалката на Трамп, Камала Харис, го критикуваше Трамп за неговиот став за војната за време на претседателската дебата, велејќи дека рускиот претседател Владимир Путин „во моментов би седел во Киев“ доколку републиканецот сè уште беше во Белата куќа.
Зеленски во наредните денови треба да се сретне со Трамп, откако ќе разговара со актуелниот претседател Џо Бајден и Харис и ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Посетата на Зеленски на Пенсилванија ја користи Харис, која сака да добие поддршка од 750.000 американски Полјаци во таа сојузна држава. Во 2020 година, Бајден таму го победи Трамп со 80.000 гласови повеќе.
Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека Зеленски бил во Пенсилванија за да ја изрази својата благодарност до фабриката за муниција, чии гранати ги користи украинската војска.
„Ова е клучна фабрика, тие го зголемија производството на гранати од 155 милиметри само поради нас. И логично беше да им се заблагодариме“, изјави за Политико анонимен украински функционер близок до претседателот.
фото: EPA-EFE/DAVID MUSE* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.