19 Декември, 2025
0.0428

Железничарите контра министерот Мисајловски - Ќе штрајкуваат додека не бидат исплатени

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 12:06

Добивај вести на Viber

Железничарите не се согласуваат со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски дека треба да се вратат на работа за да им бидат исплатени средствата кои законски им следуваат.

- Не е точно тврдењето на министерот за транспорт и врски дека ние сме сакале да ни се плати нешто што не сме го одработиле. Ние го одработивме јануари, Железница за овој месец ги фактурирала трошоците и загубата, а плата нема. Значи не е проблемот во тоа дали работиме или не. Сакаме она што сме го изработиле да ни се плати. Сѐ додека парите не легнат на нашите сметки ние ќе протестираме. И да потсетам ние сме на работните места и чекаме – вели Ѓоко Илиевски, од Иницијативниот одбор на протестот.

Вработените бараат редовна исплата на платите како што предвидува Законот.

Вчера министерот Мисајловски изјави дека Министерството за транспорт и врски во својот буџет има 10 милиони евра на располагање за Македонски железници, но нема законска можност да ги исплати сѐ додека претпријатието не работи.

– За да ги добијат парите МЖ Транспорт и МЖ Инфраструктура треба да работат. Сѐ што ќе сработат во текот на месецот треба да го фактурираат до Министерството за транспорт и врски, а Министерството веднаш да ги исплати сите средства, бидејќи тоа се оперативни трошоци што ги покрива Владата. Сѐ она што ќе биде профит и приход на претпријатието останува таму, но за да ги фактурира сите оперативни трошоци и загуби мора да работи - рече Мисајловски.

Вработените во Мекедонски железници протестираат втора недела, откако со месеци добиваа плата со задоцнување. Пред една недела им беше исплатена декемвриската плата, а за јануарската претходниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов им вети дека ќе ја добијат во два дела. Првиот до крајот на февруари, а вториот до 10 март. До денеска не е исплатен првиот дел, а вработените стравуваат дека ако не им се исплати платата ќе го изгубат и здравственото осигурување.

Минатата недела Костов поднесе оставка, а на негово место Владата за в.д. директор го назначи Игор Коруновски, кој прво што направи оствари средба со владини претставници но не информира што се договорил.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието