„Земјите во регионот имаат ниска стапка на штедење“: гувернерката Ангеловска- Бежоска за банкарскиот сектор
Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2024 11:04
Земјите во регионот имаат релативно ниска стапка на домашно штедење, при што домашните пазари на капитал не нудат доволно финансиски алтернативи. Оттука, финансирањето на структурната трансформација на економиите наметнува потреба од дополнителни извори, како влез на странски капитал, вклучително и во банкарскиот систем, поттикнување на домашното штедење...
Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот Фадил Бајрами учествуваше на конференцијата „Премостување граници, градење иднина: интеграција во СЕПА за финансиска инклузија“, којашто се одржа во Приштина, Косово, во организација на Централната банка на Косово по повод 25-годишнината од нејзиното формирање.
- Индексот на финансискиот развој на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го отсликува опсегот, пристапот и ефикасноста на финансиските институции и финансиските пазари, за нашата земја изнесува 0,26, што не позиционира меѓу најдобро рангираните во регионот.
Ова покажува забележителен напредок во нивото на финансиското посредување и неговото унапредување.
Сепак се уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија, што укажува на потребата за понатамошно финансиско продлабочување, преку коешто ќе се забрза и процесот на доходна конвергенција кон ЕУ - укажа Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката потенцираше дека банкарскиот сектор остана потпора на економиите во регионот и за време на последната инфлациска криза. Зборувајќи за домашниот банкарски сектор таа посочи дека тој оствари највисок раст на адекватноста на капиталот во регионот, нефункционалните кредити се на историски најниски нивоа, додека ликвидноста останува висока.
Сепак, за да се постигне побрза конвергенција и за да се зголеми потенцијалот за економски раст, потребен е понатамошен развој на финансискиот систем со повеќе алтернативи за финансирање.
- Земјите во регионот имаат релативно ниска стапка на домашно штедење, при што домашните пазари на капитал се плитки и не нудат доволно финансиски алтернативи.
Оттука, финансирањето на структурната трансформација на економиите наметнува потреба од дополнителни извори, како на пример влез на странски капитал, вклучително и во банкарскиот систем, поттикнување на домашното штедење, искористување на странската готовина во оптек во овие земји за продуктивни цели, меѓународно финансирање.
Во овој контекст, понатамошната консолидација и дигитализација на банкарскиот систем, како и понатамошното усогласување со европските стандарди ќе ја зголеми неговата конкурентност, овозможувајќи побрза интеграција со финансиските системи во ЕУ - порача гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека земјите од регионот се посветени на овој процес преку пристапувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА).
Претставниците на меѓународните финансиски институции коишто присуствуваа на конференцијата искажаа поддршка за заложбите на централните банки од регионот за усогласување на националната правна рамка со европската, што е предуслов за пристапувањето во СЕПА.
На конференцијата, беше ставен фокус и на модернизацијата на платните системи кои се клучни за јакнењето на економските врски помеѓу државите во регионот. Членството во СЕПА, носи мноштво на придобивки, како за граѓаните, така и за стопанството преку намалување на трошоците и времето за прекуграничните трансакции. Нашата земја, Албанија и Црна Гора имаат висок степен на усогласеност со правната рамка на ЕУ и се првите три земји од Западен Балкан коишто наскоро очекуваат одговор на барањата за скорешно пристапување во СЕПА.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





