Земјоделци од Хрватска се закануваат дека ќе ги интензивираат протестите
Објавено во: Балкан 12 Август, 2013
Хрватските земјоделци, кои веќе петти ден протестираат, блокирајќи патишта во централна Хрватска, очекуваат средби со претставници на Министерството за земјоделство и се подготвени да ја блокираат границата, доколку не биде постигнат договор.
Земјоделците бараат исплаќање на уште 37 проценти од средствата предвидени за секторот, зголемување на откупната цена на пченицата и средба со премиерот Зоран Милановиќ.
Тие нагласуваат дека ќе ги тргнат тракторите од патиштата, откако ќе бидат исполнети овие три услови.
Во регионот на Вировитица денеска се блокирани пет нови места, а патиштата во четири источни окрузи се делумно или целосно блокирани.
Земјоделците бараат преговори лично со премиерот, а за денеска е предвидено тие прво да се сретнат со откупувачите на пченица, а потоа и со ресорниот министер.