18 Декември, 2025
0.0833

Земјоделците побарале 80 милиони евра европски пари, државата ги ограничила само на 12

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2021 07:25

Добивај вести на Viber

Од барања на земјоделците за повеќе од 80 милиони евра, пари кои претежно ги нуди Европската унија како грантови, при обработката на барањата од јавните повици за ИПАРД програмата во 2020 биле одобрени само помалку од 12 милиони, покажува извештајот за минатаta година на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Дел од вината за ваквиот скромен учинок превзема и самата агенција, која со преку 100 милиони евра годишно го субвенционира производството во земјоделството и работи под Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На првиот повик чии предмети биле обработувани во 2020 пристигнале 261 барање за 44 милиони евра. Биле одбиени 160 барања, а доделени биле грантови од само 3,1 милиони евра. Вториот ИПАРД оглас минал поуспешно - биле поднесени барања од земјоделците за 16,7 милиони евра, а добиле само 8,5. Затоа пак третиот повик минал неславно и преку 748 апликации биле побарани 21 милиони евра, а биле одобрени само 44 илјади евра. Од Агенцијата велат дека оваа програма е со важност за уште три години и дека и понатаму ќе се одобруваат апликациите кои застанале во 2020.

Самата агенција констатира дека се пристигнати многу поголем број на барања во однос на претходните огласи и се многу поголеми во однос на човечките, односно кадровските капацитети што ги има секторот за одобрување на проекти. Само барањата кои се предмет на комплетна документација се предмет на обработка, но од таму велат дека тоа е затоа што има недоволен човечки капацитет за извршување на сите предвидени активности и недоволно обучен кадар. Дополнително, обработката на предметите доцнела и поради Ковид-19, односно поради одлуката голем број од вработените да не доаѓаат на работа. Договорите навремено во 2020 биле склучени само за два огласи, од трите повици.

Во 2020 преку ИПАРД програмата во која Европската унија, заедно со помало учество од државата, доделува грантови за македонското земјоделство, биле исплатени само 357 милиони денари, односно 5,8 милиони евра. Од оваа сума, 268 милиони денари се пари на ЕУ, а остатокот од државата.

Биле исплатени само 453 корисници, а на одобренијата во Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој работеле само неколкумина во секторот.

Од Агенцијата во извештајот за 2020 имат бројни поплаки на редуцираното ниво на поддршка од државата во поглед на контролите на терен, но и на логистичката поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа