Земјотресот во Грција оштети триста куќи, граѓаните во паника
Објавено во: Балкан 08 Август, 2013
Триста куќи се досега регистрирани како оштетени од вчерашните земјотреси кои го погодија централниот дел на Грција.
Според жители на селата во реонот на Фтиотида, Амфиклија и Ренгини штетите се значителни. И покрај уверувањата на сеизмолозите дека вторичните потреси се послаби, сепак жителите на селата се излезени надвор од своите домови.
Атинската сеизмолошка служба соопшти дека вчерашните потреси биле со интензитет од 4,2 и 5,1 степен според Рихтерова скала. Епицентарот се наоѓал во близина на градот Ламија, на околу 120 километри северозападно од Атина.
Експертите сметаат дека сеизмичката активност е нормална за овој регион, во кој вообичаени се земјотреси со интензитет до 5,5 степени.