Зениер на Твитер: Лидерите да се исправат пред предизвикот и да ги надминат партиските интереси
Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 18:25
Политичките лидери мора да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза и не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии.
Ова е главната порака што генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер им ја пренел на претседателот на државата, Ѓорге Иванов и на министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

„Утрово се сретнав со претседателот и со министерот за надворешни работи. Мојата главна порака беше дека лидерите мора да се исправат пред предизвикот, да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза за доброто на сите граѓани. Не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии!“- стои во твитот на Заниер објавен на Твитер-профилот на Делегацијата на ОБСЕ во Скопје.
Тој на својот Твитер-профил напиша дека на претседателот Иванов му ја нагласил својата „загриженост за политичкиот ќор-сокак“ и дека „вперувањето со прст во меѓуетничките прашања е опасно и контрапродуктивно“.Зениер е во дводневна посета на Македонија. Тој напиша и дека е „многу загрижен од притисокот врз граѓанскиот сектор“, чија улога, како што напиша е „клучна во демократските процеси“.
Тој денеска во Скопје имаше средби со претседателот Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, лидерите на парламентарните политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Беса, Алијанса на Албанците и ДПА, како и со претставници на граѓанските организации.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




