Жените, карциномот на дојката и Приватното здравствено осигурување: Што сé треба да знаете?
Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2022 13:46
Ракот на дојката претставува малигно заболување штонајчесто се карактеризира со неконтролиран раст на клетките на дојките оштетувајќи ги околните здрави ткива. Овој вид рак е најчестиот дијагностициран канцер кај женската популација. Секоја осма жена во текот на животот ќе биде соочена со ова заболување. Податоците се поразителни затоа што ракот на дојката е најчеста причина за смрт кај жените, а смртноста од рак на дојката е повисока во земјите со низок и среден приход, додека во развиените земји смртноста е пониска.
Од карцином на дојката можат да се разболат и младите и возрасните. Според Институтот за јавно здравје, бројот на заболените и починатите жени од рак на дојката се зголемува со возраста, значително по 45-тата година од животот, а најчесто над 50-годишна возраст.
Во месец октомври, кој е посветен на свесноста за ракт на дојката потсетуваме зошто превентивните прегледи значат живот. Треба да се знае дека ракот на дојката може да се излекува доколку е откриен во рана фаза со поставена правилна терапија за третман. Токму затоа целото општество прави сериозни чекори заподигнување на свеста за грижата за сопственото здравје, за внесување здрава и разновидна исхрана, за физичка активност, за редовни лекарски контроли, како и за едномесечни самопрегледи на дојката.
Сепак, пациентите, често незадоволни од задолжителното здравствено осигурување бидејќи не може да ги задоволи сите нивни потреби, бараат алтернативни решенија. Соочувајќи се со многубројни предизвици на здравствените системи, како што се проблемите при закажување лекарски преглед, недостигот од термин за здравствена услуга, мамографија, терапија итн, Кроација осигурување - неживот воведе CROCAREпакети за доброволно здравствено осигурување , кои овозможуваат брза и лесно достапна медицинска услуга. Доброволното здравствено осигурување е идеално решение бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во однос на задолжителното здравствено осигурување.Најважно е што, во рамките на овие пакети, осигурениците имаат право и на превентивна нега којашто, според опишаното погоре, може да биде од круцијална важност.
Постојат неколку CROCARE пакети, кои вклучуваат различно ниво на медицинска заштита почнувајќи од 500 денари месечно. Стартните пакети CROCAREliteи CROCARElite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE,како дополнување на почетните пакети нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+, како дополнување на основниот пакет,овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy, како дополнување на основниот пакет, ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




