Жените на марш го кренаа гласот против дискриминацијата и нерамноправноста
Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 15:06
Платформата за родова еднаквост го одржа маршот за женските права испраќајќи повеќе пораки за зголемување на свесноста за положбата на жената во македонското општество.
„Да им дадеме до знаење дека со марширање и со кревање на гласот може да се дојде до некои основни права. Впрочем правата на жената не се некои ексклузивни права. Тие се основни човекови права коишто се ратификувани со сите меѓународни конвенции и тука не е ништо посебно што бараме. Едноставно да ја нема таа дискриминација, по која било основа, верска, по пол или по етничка или по некоја попреченост“, рече Љуљета Адеми, граѓанска активистка учесничка на протестот.
Таа појасни дека маршот го почнале од плоштадот каде од многубројните споменици е поставен споменик на жена, но жена мајка, што таа го толкува како дискриминација.
Изрази надеж дека протестот ќе биде мал придонес за добро на општеството и еден ден се надева дека и општеството ќе ни врати.
Според организаторите, Платформата за родова еднаквост во која членуваат 22 организации од Македонија, тоа е начин, на Денот на жената 8-ми Март, да покажат дека ова не е ден на понежниот пол и дека ова не е ден за давање цвеќиња, или работа во некоја визба, со лоши работнички права, со лоши социоекономски услови и воопшто со лоша политичка застапеност, туку е ден за обележување на борбата до сега реализирана од „нашите прасестри и прамајки ја спроведоа до сега и е ден за протест за дополнително унапредување на позицијата на жената во нашето општество“.
Порачаа дека Македонија е далеку од состојба во која жената е во рамноправна позиција во општеството, а тоа е покажано во сите меѓународни извештаи и во нашите национални извештати, тоа е покажано во извештаите на граѓанските здруженија.
„Жената не е еднаква на работното место, жената не е еднаква во домот, жената нема еднаков пристап до здравствена заштита, нема еднаков пристап до образование како останатото членови на ова општество. Затоа денеска ние сме собрани да го означиме овој ден, но и да започниме многу поактивна борба во остварувањата на нашите права“’, порачаа од Платформата за родова еднаквост во која членуваат 22 организации од Македонија.
Прочитаа и проглас на македонски и на албански јазик во кој се вели „Ние жените што стоиме овде, помалку збунети, со гласови што треперат и сме однапред прогласени за виновни. Ние што пуштаме вени стоејќи на каси по маркети, што копаме ниви, цепиме дрва и ги негуваме болните стари… Ние се собравме тука да ви кажеме дека не одиме никаде дека стоиме цврсто и исправено и веќе не прифаќаме да бидеме замолчувани во интерес на други цели и ставени во втор план. Нашата желба е за еднаквост, правда, достоинствена плата и должно почитување, за мир солидарност и просперитет. Ќе бидеме гласни и исправени додека не ги исправиме своите права“, се вели во прогласот.
На протестот учествуваа и амбасадорите на Велика Британија Чарлс Гарет и на Холандија, Ваутер Пломп, пратеникот поддржан од СДСМ Павле Богоевски и други, пренесува Макфакс.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




