19 Декември, 2025
0.1363

Жестока забава во соба од мраз сред Скопје

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2016 12:29

Добивај вести на Viber

Првите работи во животот секогаш се паметат, а Jägermeisterвикендов им овозможи на голем број луѓе да имаат уникатни искуства на забавата која се одржа во Центарот за дизајн и иновација „Јавна соба“ во Скопје. Присутните се журкаа во соба од мраз каде можеа и да седнат на леден  трон, ги почувствуваа мирисите на растенијата од кои е направен пијалакот и погледнаа инвентивна историска изложба додека диџеите Гоце САФ, Чваре и Флудер му дадоа ритам на настанот со сет-листи инспирирани од брендот. 

Повод за забавата беше новото редизајнирано шише на Jägermeister, но причината беше да им се овозможи на гостите да почувствуваат на своја кожа нешто ново и поинакво.

На самиот влез, луѓето добиваа пијалак за добредојде и мапа која ги водеше низ зоните на уникатни искуства. Во историската соба беа изложени слики од повеќето шишиња на Jägermeister уште од времето на основањето на брендот пред повеќе од 100 години, а меѓу нив се најде и новото редизајнирано шише.

Во собата на вкусови и ароми, присутните можеа да ги допрат и помирисаат зачините и состојките од кои се прави овој пијалак кој е одличен дигестив и симбол на незаборавните журки. Сепак најголемо внимание предизвика ледената зона која беше поставена пред „Јавна соба“ и каде температурите беа под нулата. Во тој дел пијалаците беа најстудени, а присутните можеа да се сликаат седнати на трон направен од мраз.



Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција