Зголемен бројот на работници во индустријата
Објавено во: Економија 30 Август, 2013 13:36
Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Податоците покажуваат дека пораст на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен за 8,4 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,1 процент, додека намалување е забележано во преработувачката индустрија за 0,1 процент.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Енергија за 8,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8 отсто и Капитални производи за 0,3 отсто.
Зголемување на бројот на работници во индустријата е забележан и во периодот јануари - јули за 0,6 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?




