ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА, НО И ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ И ЗА ИНВЕСТИЦИИ: Макпетрол со раст на приходите во првите шест месеци
Објавено во: Финансии 31 Јули, 2025 11:02
И покрај бројните предизвици во светот и нашата земја, „Макпетрол“ успеа да оствари голем приход во првите шест месеци од говинава. Како што е истакнато во нивниот полугодишен извештај објавен на „Македонска берза“, во текот на првото полугодие од 2025 година, „Макпетрол“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 14,48 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 99,76 милиони денари, односно остварен е раст од 0,69 проценти.
- Во структурата на приходите, најголем удел со 98,19 отсто имаат приходите од продажба, од кои 96,64 проценти се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 1,55 отсто се остварени преку продажба на странски пазар, односно преку извоз на млазно гориво. Во текот на првото полугодие од 2025 година, Друштвото како потврден лидер на малопродажниот пазар на деривати го зголеми количествениот промет за 3,59 проценти. Дополнително во согласност со стратегијата, а со цел задоволување на потребите на потрошувачите кои секогаш се во фокусот, Друштвото го прошири малопродажниот асортиман кој се нуди на бензинските станици, а прометот со истиот се зголеми за 9,09 отсто - се посочува во извештајот доставен до „Македонска берза“. Сепак, во објавата е посочено дека и покрај зголемувањето на количествениот промет, приходите на мало бележат пад од 2,65 отсто како резултат на намалувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи, кои како набавни цени зафаќаат најголем дел од малопродажната цена на дериватите. Но, од друга страна приходите од големопродажниот сегмент бележат раст од 24,56 отсто во најголем дел поради зголемениот промет со природен гас и млазно гориво.
Вкупните расходи остварени во првото полугодие од 2025 година се во висина од 13,98 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 75,81 милиони денари или за 0,55 отсто, а растот во најголем дел се должи на зголемените трошоци за вработени за 6,79 проценти и на зголемените трошоци за транспортни услуги за 8,73 отсто.
Набавната вредност го следи трендот на приходите од продажба, што е неминовно со оглед дека истата во апсолутен износ е најголем дел од приходите од продажба, односно зафаќа околу 86 проценти од истите. - Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на првото полугодие, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 507,31 милиони денари која е поголема за 4,96 отсто од остварената добивка за минатата година кога изнесуваше 483,36 милиони денари. Позначајно зголемување постои кај трошокот за вработени, кој е зголемен како резултат на зголемувањето на бројот на вработени и зголемувањето на минималната плата. Транспортните трошоци исто така бележат зголемување, што е очекувано со оглед дека истите се со варијабилна природа и зависат од количините на набавени и продадени нафтени деривати - се појаснува во соопштението.
Исто така потсетуваат дека во јули 2025 година Друштвото, по одлука на Управниот одбор, на вработените им исплати регрес за годишен одмор во нето-износ од 48.000 денари по вработен, за што вложи 106,45 милиони денари.
Друштвото во текот на периодот нема исплатено дивиденда. На XXIX-тото Собрание на Акционери на Макпетрол АД Скопје, одржано на 20.05.2025, Друштвото донесе одлука бр. 0201- 31/2-3 за исплата на дивиденда за 2024 година, во бруто-износ од 424.804.800 денари односно 4.200 денари бруто по акција. Истата ќе се изврши најдоцна до 30.09.2025. Во текот на 2025 година „Макпетрол“ го продолжи силниот инвестициски циклус и вложи преку 112,6 милиони денари, како во реконструкција така и во изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти. П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





