Добивај вести на Viber
Бројот на невработени лица во периодот од април 2012 до април 2013 година се зголемил за 216.000 и достигнал 2.641.000, објави Турскиот завод за статистика.
Тоа значи дека стапката на невработеност во Турција во април достигнала 9,3 отсто, што претставува зголемување на годишно ниво за 0,3 процентни поени.
Бројот на вработени, пак, за разлика од лани кога имало 24.630.000 лица во работен однос, годинава се зголемил на 25.691.000.