19 Декември, 2025
0.0488

Зголемувањето на пензиите дополнително ќе ја продлабочи дупката во Фондот за ПИОМ!

Објавено во: Економија 07 Март, 2013 07:45

Добивај вести на Viber

Пензионерите добија повисоки пензии. Владата ги зголеми линеарно, по 550 денари за 280 илјади пензионери во земјва. Но, освен ова зголемување пензиите ќе бидат усогласени и со трошоците на животот и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија, со што ќе добијат дополнителни 1,15%.

„По консултација со пензионерските друштва се одлучивме на линеарна по 550 денари поголема пензија за секој пензионер во Македонија, што претставува месечно околу 2,5 милиони евра повеќе средства за пензионерите или годишно безмалку 30 милиони евра повеќе за пензионерите секоја година. Тоа е ветено и остварено“, изјави премиерот Никола Груевски.

Повисоките пензии ги израдуваа пензионерите, но, сепак дел од познавачите коментираат дека ова е неодржливо на долг рок со оглед дека во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување веќе има голема дупка која се финасира со буџетски пари.

На Фондот за ПИОМ годишно му се потребни околу 750 милиони евра за исплата на пензии. Но, од придонесите што се уплаќаат за вработените во касата на Фондот за ПИОМ се слеваат околу 450 милиони евра. За да се обезбедат редовните пензии, Владата минатата година од буџетот на Фондот му префрли околу 300 милиони евра. Според податоците само во однос на 2011 година, сумата што лани се трансферирала од буџетот во Фондот е зголемена за 54 милиони евра, а во однос на 2008 година за 100 милиони евра. Оваа година требаат дополнителни 30 милиони евра.

Зошто оваа ситуација не е одржлива?

Проблемот е што се повеќе  се зголемува јазот во соодносот помеѓу бројот на вработените и бројот  на пензинерите. Односно, бројот на пензионери станува се поголем, а со таков интензитет не расте бројот на вработени.

Според податоците во 1990 година, во земјава имало 602.000 вработени и само 166.000 пензионери, што значи сооднос бил 3,6 вработени на 1 пензионер.  Масовните отпуштања од работа во транзицијата и стареењето на населението во меѓувреме, овој сооднос денес го сведоа на 1,7 вработени на 1 пензионер, односно има 465.000 осигуреници, а дури 280.000 пензионери.

Познавачите коментираат дека пензискиот систем особено ќе се најде на удар за 20-тина година, кога според проекциите на експертите во Фондот, бројот на старите лица ќе достигне третина од населението над 18 години и ќе биде еднаков на бројот на вработените.

„Во песимистичкото сценарио соодносот вработени/пензионери ќе се намали до 1,11:1, а дури и во оптимистичкото сценарио тој сооднос е неповолен и се намалува до 1,46:1. Ваков сооднос укажува дека систем кој се заснова само на тековно финансирање ќе има проблеми во своето работење, бидејќи самиот сооднос осигуреници – пензионери е индикатор за неодржливоста на системот“ – оценуваат експертите на ПИОМ.

Ќе се врати ли некогаш виталноста на пензискиот систем?

И покрај загрижувачките показатели, владата сепак, не планира значајни реформи што би ја вратиле виталноста на пензискиот систем. Напротив, освен вчерашното зголемување на пензиите, министерот за труд и социјална полтика, Спиро Ристовски, најави дека Владата ќе продолжи со политиките за зголемување на пензиите, и во 2014 и 2015 година се планирани нови покачувања доколку општите економски услови го дозволат тоа.
„Од  2006 година до сега вкупното зголемување на пензиите изнесува 42,3%.  Просечната пензија во 2006 година изнесуваше 7463,00 денари, а во февруари 2013 година 11.500,00 денари односно зголемување за околу 54 %. Најнискиот износ на  пензија во 2006 година изнесуваше 3918,50 денари а во а во февруари 2013 година изнесува 6445,00 односно зголемување за 64,5% “, изјави Спиро Ристовски.

Во Македонија има вкупно 286.000 пензионери. Највисоката пензија е 34.308 денари, а најниската 5.813 денари.

М.Г.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар