ЖЕЉУ ЖЕЛЕВ: филозофот кој им пркосеше на Милошевиќ и Мицотакис во планот за поделба на Македонија!
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2015 08:30
Подоцна е избркан и од Универзитетот и протеран од Софија. Одземено му било и софиското жителство, по што се преселил во селото на неговата сопруга Грозден, во областа Бургас. Во 1974 година брани дисертација и станува кандидат на науките, а во 1975 година започнува работа како научен соработник во Институтот по култура. Во периодот 1977-1982 година е шеф на рубриката “Култура и личност” во институтот. Брани докторската дисертација во 1988 година. Во 1981 година ја објавил монографијата „Фашизмот“, во која ги анализира механизмите на тоталитарното општество. Оваа книга била забранета од страна на комунистичките власти, а набргу било наредено и отстранување на книгата. Книгата е преведена на 10 јазици.
Политичка кариера
Жељу Желев беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година.
По првите повеќепартиски избори по промените во Бугарија во јуни 1990 година, Желев стана координатор на Пратеничката група на СДС, а веќе на 1 август истата година Народното собрание го избра за претседател на Бугарија. Во јануари 1992 година беше реизбран на функцијата на првите дирекни претседателски избори во Бугарија. Претседателксата должност ја извршуваше до јануари 1997 година.
Во 1993 стана член на Либералната интернационала, а во 1997 година беше избран за почесен претседател на бугарската партија Либерално демократска алтернатива. Тој раководеше и со фондацијата „Д-р Жељу Желев“, а беше и коосновач и претседател на Балканскиот политички клуб.
Пријател на Македонија
Во Македонија ќе остане запаметен како голем и докажан пријател, предводник на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.
„Силата на Бугарија е тоа што таа не посака ништо од Македонија за возврат. Тоа покажа дека ние немаме никакви задни мисли, ниту скриени цели, туку дека сакаме да бидеме добри соседи“, велеше Желев.
Во своите настапи постојано потенцираше дека Бугарија секогаш треба да ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции и повикуваше ЕУ и Грција да не признаат под уставното име. Негов познат став беше дека „правото да се избере името на сопствената држава е свето право и никој не може да го прекрши“. Според него, главен виновник за проблемот со името е Европската комисија, а механизмот за носење одлуки со целосен консензус е идиотизам.
Русија и Турција ја признаа Македонија под уставното име благодарение на лобирањето на Желев
Поранешниот бугарски претседател Жељу Желев беше клучниот лобист за признавањето на независноста на Македонија од страна на Русија и Турција. Желев лобираше кај тогашниот премиер на Турција, Сулејман Демирел кој откако ги ислушал аргументите на Желев за една недела ја призна Македонија под уставното име. „При една од заедничките прошетки во резиденцијата „Бојана“ му реков на рускиот претседател Борис Елцин дека се уште не го гледам указот со кој се признава Македонија. Елцин му довикнал на шефот на руската дипломатија Андреј Козирев и му наредил да го напише указот. Се сеќавам во тој момент Козирев почна да објаснува дека Грците многу ќе се налутат за овој чин. Елцин само пресекол: мене Грците не ме интересираат, бугарската позиција е правилна, затоа напиши го декретот“, раскажуваше Желев.
Желев ги отвори границите, за време на грчкото ембарго
Под негово раководство владата на Бугарија ја отвори границата кон Македонија во перидот на двете грчки ембарга кога грците очекуваа дека со тоа комлетно економски и политички ќе ја фрлат Македониа на колена. Отвореноста на Бугарија и помошта за траснпорт на нафта и сè што е потребно од Бугарија кон Македонија тогаш ја спасува Македонија од еконосми колапс, со што успева да ја одржи својата политичка позиција без попуштање.
Пораките кон Грција
„Нелогично и скандалозно е еден сосед да определува име на друга земја во соседството. Цивилизациска придобивка и право на еден народ е да си го определи името на нацијата и на својата држава“, велеше Желев. Според него политиката на Атина кон Скопје е срамна и неприфатлива. Во 2012 година Желев на бугарските власти им порача Бугарија се доближува кон нивото на Грција, која ја блокира Македонија за влез во НАТО и ЕУ поради името. Не значи дека треба да си ги мериме силите доколку во Македонија се зборуваат лаги и измислици за Бугарија. Тоа е друго, членството на Македонија во ЕУ е одговорност на Бугарија, изјави тогаш поранешниот бугарски претседател.
Награда 8-ми сепетмври за Желев
Во 2010 година, поради заложбите за Македонија, претседателот Ѓорге Иванов на Желев му врачи орден за заслуги - 8. Септември, највисоката државна награда.
Жељу Желев има освоено голем број на академски и државни награди. Во неговата биографија се вбројува и највисокото државно одличје на Бугарија „Стара Планина“.
Д-р Желев е удостоен со највисоките државни признанија на Франција, Шпанија, Португалија и Венецуела. Тој е почесен член е на Ротари клуб - Њујорк.
Р.Ф
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




