16 Јануари, 2025
0.0275

Живот на „минималец“: без 500 евра нема живеачка!

Објавено во: Економија 17 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Растат трошоците за  живеачка, просечната – нето плата се помалку може да ги покрие месечните потреби на домаќинствата. Најновите податоци на Сојузот на синдикати покажуваат дека за да се прежиее февруари биле потребни 32 185 денари. Оваа сума во однос на истиот месец лани се зголемила за 1 145 денари. Ако се земат во предвид последните расположливи податоци за исплатена нето плата во декември, кога таа изнесувала 21 469 денари, тогаш се добива пресметка дека со оваа плата се покриваат само 66,7 проценти од месечните егзистенцијални потреби за кои посочува ССМ. Поради се повисоките цени на храната, комуналиите, домувањто од една страна, и бавното темпо на незначителен пораст или стагнација на нето - платата, од друга страна, се повеќе се продлабочува јазот меѓу реалните месечни примања и реалните месечни потреби за трошење. Така, во 2010 та година со просечната нето плата можеле да се покријата 70 отсто од потребите, за разлика од сегашната состојба кога овој процент изнесува 66,7 отсто. Мерењата на ССМ покажуваат дека во февруари, за да се задоволат потребите само за храна и за да се платат сметките за струја, просечната нето плата – нема да стаса. Еве колку пари според синдикалците се потребни само за овие две ставки : Или, вкупно биле потребни 23 934 денари, во услови на просечна нето плата од 21 469 денари. Но листата на месечни трошоци не завршува тука. Според анализите, дел од месечните трошења на едно домаќинство се и превозот, кој во синдикалната кошница учествува со 7,2%, потоа хигиената, учество од 6,8 %, облека и обувки, удел од 6,3%. Оптимистичката “синдикална кошница“ предвидува дека едно семејство месечно треба да потроши  по 1 070 денари за култура и уште  588 денари за здравје. Додека кај просечната нето-плата во декмври 2012 та година во споредба со истиот месец од 2011 та се заблежува незначителен раст од 0,3 отсто, кај реалната нето плата  во однос на истиот споредбен период има намалување  за 4,2 отсто.  Во декември пак, според синдикалните пресметки, сумата  за задоволување на месечните потреби се зголемила за 5,2 отсто. Лани, во споредба со целата 2011 та година, реалната нето плата се намалила за 2,9 отсто. МИНИМАЛЕЦОТ ЗГОЛЕМЕН САМО ВО ДВЕ ГРАНКИ – ЌЕ ПОМОГНАТ ЛИ 596 ТЕ ДЕНАРИ? Повеќе од една третина од вкупното работно население во земјава заработува не повеќе од 10 000 денари месечно. Анализата на ССМ покажува дека 15 отсто од вработените  живеат со минималец од 8 050 денари месечно, додека 25 отсто од работното население има месечна плата од 10 000 денари. Со последната одлука на Владата, износот на минималната плата се зголеми за 596 денари. За оваа сума треба да се зголемат месечните примања на вработените само во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. “Со усогласувањето во дејностите производство на текстил, облека, кожа и слични производи од кожа минималната бруто плата во 2013 година ќе изнесува 10.990 денари, односно нето 6.859 денари. “ – оценија од ССМ. Потегот на владата го сметаат  како доабр договор постигнат на Економско-социјалниот совет. “Зачувувањето на истата висина на минималната плата од 8 050 денари е добар договор, затоа што во други земји поради економската криза минималецот е намален “ – велат од синдикатот. Со објавата за зголемување на минималецот само за таргетирани сектори, во следните две години треба да се обезбеди изедначување на овие плати, кои се сметаа за најниски, со платите во останатите дејности. Според анализите, само 9,1 отсто од вработените имаат плата повисока од 20 000 денари. На месечно ниво повеќе од 2 проценти од вработените воопшто не земаат плата. Од друга страна, статистика во континиутет,со месеци,  бележи раст на трошоците на живот поголем од 3 отсто. Така, во февруари животните трошоци во однос на истиот месец лани се зголемиле за 3,5 проценти, најмногу за огрев, домување, исхрана и хигиена. Минималната плата од 8 050 денари може да задоволи само 25 проценти од она што ССМ го нарекува месечна  “синдикална кошница“за храна, сметки за комуналии, превод, хигиена, здравство. Анета Додевска

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања