Животното осигурување со двоцифрени стапки на раст
Објавено во: Финансии 15 Јуни, 2013 07:54
“Перманентниот раст на премијата во животното осигурување зборува дека македонскиот граѓанин се повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување. Значаен фактор кој значително влијаеше на развојот на животното осигурување во изминатите години е основањето и поставената регулатива од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување која даде правилни насоки и постави добро контролирана регулација која допринесе за сигурност и пораст на довербата во работењето на осгурителните компании“, вели Вилма Учета Дузлевска, генерален директор на Кроација осигурување-Живот, компанија која се наметна како лидер на пазарот за животно осигурување.
Потенцијалот на животното осигурување го препознаа многу познати брендови од осигурителниот сектор што во последно време инвестираа во Македонија и на тој начин придонесоа за зголемување на конкуренцијата. Засега во Македонија работат четири компании кои нудат животно осигурување а тоа се Кроација-Живот, Граве, Винер Лајф и Уника.
За да се зголеми нивото на информираност на населението за придобивките од животното осигурување, некои од осигурителите излегоа со предлог за заеднички настап на четирите осигурителни компании во земјава кои нудат ваков вид осигурување. Дополнителна мерка за стимулирање, според осигурителите е државата да го ослободи од персонален данок животното осигурување.
Што е животно осигурување?
Животното осигурување значи и осигурување на животот но и заштеда. Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурана сума заедно со пропишаната добивка. Во спротивно, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил, плус камата. Премијата, која се движи од 180 до 250 евра годишно, осигуреникот може да ја плати еднократно или пак на месечни, квартални полугодишни или годишни рати.
Сертифицираност на осигурителните компании –доказ за квалитетна услуга
Кроација осигурување-Живот има повеќе од 54% од вкупно продадените полиси за животно осигурување, а само во првиот квартал од годинава имаат пазарен удел од 46% во поглед на полисираната премија на животното осигурување. Компанијата објави дека добила меѓународно признат сертификат за квалитет, со што станала прва осигурителна компанија која е ИСО сертифицирана.
“Со имплементација на овој стандард ќе се зголеми квалитетот и ефикасноста на услугата кон нашите корисници, ќе допринесеме за јакнење на довербата кај постоечките и потенцијалните корисници и преку тоа значајно ќе го зголемиме нивното задоволство од услугите кои ги нудиме“, додава Дузлевска.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





