04 Декември, 2024
0.0254

Животното осигурување во моментов е најисплатлив облик на штедење!

Објавено во: Финансии 19 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани во Кроациа осигурување препознаваат стратешки партнер за донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Долгорочно, наша визија е да останеме лидер на осигурителниот пазар со квалитетот на производите кои ги нудиме, со непрекинато подобрување на постојните и развој на нови, вели во интервју за Фактор Вилма Учета Дузлевска, Генерален Директор во „Кроациа Осигурување – Живот  АД. Скопје“. Фактор Пред  околу еден месец  една од главните бизнис информации во регионот беше онаа дека нов сопственик на „Кроација осигурување“ станува хрватската „Адрис група“ од Ровињ. Конкуренти им биле чешката ПЗУ и словенечката „Триглав осигурување“. Дали сметате дека „Кроација осигурување“ добива квалитетен стратешки партнер и нов сопственик? Учета Дузлевска Адрис Група, претставува вистински гигант на пазарот во Хрватска. Станува збор за една од најмоќните хрватски компании, која сега со откупување на 39,05 отсто од  редовните акции на Croatia Osigurаnje е на сигурен пат да стане дел од топ 5 команиите на овие простори.  Адрис Група се покажа како веродостоен  и најуспешен хрватски инвеститор. За Croatia Osigurаnje претстои сериозен иден развој и уверена сум дека компанијата ќе остане регионален осигурителен лидер. Фактор Сметате ли дека беше постигната добра цена во приватизацијата на најголемата хрватска осигурителна компанија? Учета Дузлевска Хрватската влада ја прифати понудата на Адрис група за купување на мнозинскиот удел во најголемата регионална осигурителна компанија. За 39,05 отсто од редовните акции беа понудени нешто повеќе од 120 милиони евра, односно 970,45 евра по акција.  Дополнително, Адрис група понуди и докапитализација од 110 милиони евра, со што ја потврди својата спремност пред останатите понудувачи во постапката, за понатамошно регионално ширење на Компанијата но и зајакнување на позициите на компаниите кои веќе постојат во групацијата на Croatia Osigurаnje, присутни на пет пазари во регионот. Со завршување на докапитализацијата Адрис група ќе поседува 60 отсто од сопственоста на компанијата, наспроти 28 отсто, кои ќе останат во рацете на хрватската Влада. Наспроти понудата од 230 милиони на Адрис група, понудата на полски ПЗУ изнесуваше 108 милиони евра за 43 отсто од редовните акции и докапитализација од 51 милион евра, што јасно говори дека беше постигната одлична цена. Второрангираниот понудувач понуди дури 70 милиони евра помала понуда во постапката. Проценетата вредност на Croatia Osigurаnje се движеше помеѓу 180 и 230 милиони евра, а со понудата на Адрис таа ја достигна максималната проценета вредност. Фактор Дел од хрватските медиуми пишуваа дека еден од најголемите проблеми со кој ќе се соочи „Адрис група“ сега може да биде моделот за редуцирање на прекумерниот број вработени во „Кроација“ и во Хрватска, и на четирите други пазари во регионот, меѓу кои и Македонија. Колку вработени има „Кроација“ во земјава и има ли за нив било каква опасност? Учета Дузлевска Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје е компанија која е на самиот старт на нејзиниот развој. Во моментов броиме речиси 40 вработени, но со сериозни намери за понатамошно проширување и понатамошен развој.  Новиот акционер најави кадровски промени кои, пред се, се однесуваа за нашата матична куќа во Загреб. Верувам дека промените нема да се одразат ниту на нашето работење ниту на нашата кадровска стуктура бидејќи, во моментов, од сите компании кои се дел од  групацијата оставаруваме најдобар приход по вработен. Фактор Минатата година започнавте и со регионално проширување и отворање на подружници низ Р. Македонија. Какви Ви се плановите за понатамошно проширување? Учета Дузлевска Согласно потребите за регионална присутност и развој Компанијата во 2013 година отвори три регионални подружници во градовите Куманово, Битола и Кавадарци. Анализата покажува дека резултатите ја оправдаа оваа инвестиција и ги потврдија нашите очекувања. Дрштвото бележи развој на сопствената продажна мрежа и раст на продажбата во сите 3 града. Одлуката за избор на горенаведените градови беше донесена врз основа на сеопфатни истражувања и анализи за големината на пазарот, потенцијалот на пазарот, реализираните продажни резултати и макроекономската состојба на регионот. Секако дека регионалното проширување ќе продолжи и во наредниот период со отворање на подружници и во други градови но и со заеднички настап со Компанијата за неживотно осигурување, која е присутна во Македонија од 2009 година и која остварува солидни резултати. Фактор Какви се всушност перспективите на животното осигурувње во Македонија, дали македонските граѓани знаат кои се придобивките, имаат ли тие навика за животно осигурување? Учета Дузлевска Имајќи предвид дека Македонија значително заостанува во развојот на животното осигурување во однос на западноевропските земји, па и на земјите во опкружувањето, еден од приоритетите е да влијаеме за менување на културолошкиот пристап на граѓаните кон штедењето. Потенцијал за развој на животното осигурување на домашниот пазар дава и анализата на пензискиот систем, која укажува на недостатоци на системот темелен на меѓугенерациска солидарност. Од аспект на демографските промени и нужност за лична заштеда за пензиските денови, полисата за животно осигурување се наметнува како клучен финансиски производ кој секој би требало да го има. Перманентниот раст на премијата во животно осигурување зборува дека македонскиот граѓанин се повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување. Фактор Дали економската криза влијае врз животното осигурување? Учета Дузлевска Нашата пракса покажува дека во услови на економска криза и рецесија македонските граѓани се повеќе склони кон штедење. Всушност, ваквите услови наметнуваат граѓаните да размислуваат своите средства да ги вложуваат во сигурни инвестиции и сигурни облици на штедење. Се повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда. Секако дека на развојот на животно осигурување во голема мера влијаат макроекономските показатели, од кои посебно би ги издвоила доходот по жител, стапка на раст на БДП, стапката на невработеност и даночната политика. Но, еден од од клучните фактори е секако сваста на граѓаните за потребата од штедење и довербата која ја имаат во институционалниот систем. Фактор Впечатокот е дека пазарот за животно осигурување во земјава се уште не е доволно силно развиен. Дали поголемата конкуренција со две нови компании успева да го размрда? Учета Дузлевска Развојот на животното осигурување во Македонија е во фаза на реален подем. При согледување на причините за ваква појава, сигурно дека најголем дел треба да ги побараме во недоволната искористеност на потенцијалот за развој на животното осигурување на македонскиот пазар во изминатите години. Потенцијалот кој го има ова пазарно подрачје го препознаа и други реномирани европски брендови и сето тоа резултираше со зголемена пазарна конкуренција. Сепак, значаен фактор кој особено влијае на развојот на животното осигурување изминатите години е основањето и поставената регилатива од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која даде правилни насоки и постави добро контролирана регулатива, што придонесе за зголемена сигурност и поголема доверба во осигурителните компании. Фактор Кога би направиле споредба со другите земји од регионот во поглед на животното осигурување, што би издвоиле за Македонија? Учета Дузлевска Животното осигурување е придвижувач на целиот осигурителен пазар. Со заздравувањето на макроекономските показатели, животните осигурувања би требало да ја преземат водечката позиција во вкупната премија од осигурувањето. Република Македонија е на самиот праг на развојот на животното осигурување. Двоцифрените стапки на раст, забележани изминатите години се показател дека најголем дел од пазарот сеуште е неискористен. Токму неразвиеноста на овој сегмент на осигурителниот пазар не амортизираше од штетните кризни влијанија врз работењето. За разлика од нас и дел од останатите земји во регионот, каде што животното осигурување го следи тренд на пораст соодветен на искуствата од брзорастечките пазари, Р. Хрватска по десеттгодишен период на брз развој на животното осигурување со просечна стапка на раст од 17 отсто годишно, измиматите неколку години бележи пад. Падот на европскиот пазар на животно осигурување е речиси три пати поголем во споредба со светските размери. Фактор Со кои проблеми најмногу се соочувате во земјава, што би промениле доколку можете на македонскиот пазар? Учета Дузлевска Друштвото неколку години наназад  има континуирани заложби пред државните органи за иницирање на даночно ослободување во животно осигурување и добивање на еднаков даночен и законски третман со третиот доброволен пензиски столб. Во услови кога каматните стапки на депозитите се намалуваат,  кога фактите говорат дека воспоставениот пензиски систем е неодржлив на долг рок, полисата за животно осигурување е вистински одговор во што треба да се штеди за мирна старост.   Токму во услови кога имаме голема акумулација на депозити на физички лица во банките, а соочени со намалување на каматните стапки, ги поттикнувам македонските граѓани да ја согледаат користта и бенефитот кој го нуди полисата за животно осигурување.  Во моментов, е дефинитивно најисплатлив облик на штедење и акумулација на слободни парични средства на граѓаните. Секако, примарна е неговата  функција на осигурување на живот  и  заштита на најблиските,  семејството, од сите ризици кои ни ги носи динамичниот живот. Фактор Во 2013 година Кроациа Осигурување – Живот се стекна со ISO сертификат за квалитет. Што всушност значеше имплементацијата на овој стандард за Вас, а што за Вашите корисници? Учета Дузлевска Минатата година Компанијата официјално се здоби со признание и меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2008, одобрен од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance и со тоа  стана првата осигурителна компанија во Р. Македонија која е ISO сертифицирана. Имплементација на овој стандард го зголеми квалитетот и ефикасноста на услугата кон нашите корисници, допринесе за јакнење на довербата кај постоечките и потенцијалните корисници и преку тоа значајно го зголемим нивното задоволство од услугите кои ги нудиме. Фактор Дали сте задоволни од уделот што го имате на пазарот и какви се вашите планови на тој план за наредниот период? Учета Дузлевска Гледано од перспективи за развој на Друштвото, можам со задоволство да констатирам дека 2013 година ќе ја одбележиме како најуспешна година во работењето, мерено по клучните показатели на успешно деловно работење. Изминатата 2013 година ќе ја паметиме како година кога Кроациа Осигурување –Живот ја зазеде лидерската позиција на пазарот по  бруто полисирана премија. Што се однесува до бројот на склучени договори, веќе неколку години наназад го имаме доминантното учество, со над 50 отсто од пазарниот удел. Согласно официјално објавените податоци, заклучно третиот квартал минатата година, Компанијата  има  45 отсто од пазарот согласно остварена  бруто полисирана премија и 57 отсто од вкупниот број на продадени полиси за животно осигурување во Р. Македонија. Ова јасно говори дека македонските граѓани во Кроациа препознаваат стратешки партнер за донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Долгорочно, наша визија е да останеме лидер на осигурителниот пазар со квалитетот на производите кои ги нудиме, со непрекинато подобрување на постојните и развој на нови. Она на што ние како Компанија посветуваме големо внимание е постпродажната услуга кон клиентите, вклучувајќи го и процесот на решавање на пријавени штети.  Задоволството на нашите Осигуреници ни е најмеродавен показател колку сме успешни. Фактор Дали и какви нови произвиоди планирате да им понудите на македонските граѓани, кои ви се приоритетите? Учета Дузлевска Нашата понуда на производи е, пред се, адаптирана на условите на македонскиот осигурителен пазар и преференциите на граѓаните. Во најголем дел тоа се производи кои ги нуди нашата матична куќа, Croatia Osiguranje d.d. Загреб, но прилагодени на потребите на македонските граѓани. Покрај ценовната прифатливост, која ја воведовме како одговор на намалената економска активност на целокупната  светска економија, па и на македонското стопанство, будно го следиме пазарот, очекувањата и потребите и адекватно одговараме со разновидна понуда на производи. Веруваме дека класичното животно осигурување секогаш ќе го има водечкото место во нашето портфолио, иако постојано работиме на унапредување на понудата и прибижување до преференциите на клиентите и потребите на пазарот. Основа во нашата стратегија за освојување на пазарот е иновацијата, при што секоја година понудуваме нов производ. Во 2014 година планираме да воведеме неколку нови производи. Почетокот на  годинава  го одбележиме со долгонајавуваниот  производ Cro Link, линкуван производ кој ги спои бенефициите на нашата компанија и Стопанска Банка а.д. Скопје. Станува збор за производ кој досега не и е познат на нашата, но и на пошироката регионална јавност. Сепак, цврсто веруваме дека со него ќе понудиме новитет кој значително ќе влијае на порастот на премијата за животно осигурување, бидејќи,  пред се, е креиреан да ги задоволи потребите на секој наш граѓанин. Фактор Можете ли во неколку реченици да дадете оценка за тоа како се движеше македонската економија во годинава зад нас, какви се вашите очекувања за 2014 и како во тие макроекономски води ќе „плива“ „Кроациа Осигурување - Живот А.Д. Скопје“? Учета Дузлевска Република Македонија во 2013 година ги превзема сите напори за минимизирање на кризата, а сето тоа позитивно се одрази и на осигурителниот пазар. Мерено според растот на вкупната осигурителна премија и посебно двоцифрениот раст на животното осигурување можеме да заклучиме дека 2013 е успешна година за осигурителниот сектор. Ако се земе предвид дека домашната економија полека дава сигнали на закрепнување од финансиската и економската криза, тогаш неизбежни се очекувањата за уште поуспешни години. Согласно макроекономските претпоставки и буџетски проекции во 2014 година за раст на БДП од 3 отсто, тогаш неизбежно е да се очекува и зголемени инвестиции во осигурителниот сектор. (Ф.Н.) Повеќе детали за работата на „Кроациа осигурување“ на следниот ЛИНК

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра