03 Октомври, 2023
0.0254

Житото од Украина се доставува низ целиот свет

Објавено во: Економија 06 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Количината на жито извезено од Украина преку Црното Море ќе биде помеѓу 2 и 5 милиони тони месечно, соопшти Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) со седиште во Истанбул.

Со почетокот на целосната имплементација на иницијативата (во рамките на договорот за безбеден транспорт на жито од украинските пристаништа), извозниот капацитет од трите украински пристаништа би можел да достигне од 2 милиони тони до 5 милиони тони месечно. , се вели во соопштението на центарот.

Се забележува дека житото од Украина се доставува низ целиот свет.

Заедничкиот координативен центар посочи и дека снабдувањето со жито од Украина се врши долж поморскиот хуманитарен коридор со должина од 111 наутички милји и ширина од 3 милји. Бродовите вклучени во таков транспорт мора да ги почитуваат границите на коридорот.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар вчера изјави дека извозот на жито од Украина според договорот продолжува без прекин.

Испораките на житото се вршат според планираното, без прекин, рече Акар, цитиран од турската државна телевизија ТРТ.

Во понеделникот, првиот брод ја напушти Одеса (бродот „Разони“ со 27.000 тони пченка). Вчера Заедничкиот координативен центар одобри заминување на уште три брода од Одеса и Черноморск. Тие носат 58.000 тони жито.

Испораките на жито се вршат според договорот потпишан во Истанбул на 22 јули меѓу Турција, Руската Федерација, Украина и Обединетите нации, со кој се обезбедува безбеден извоз на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа. Договорот предвидува отворање на три украински пристаништа - Одеса, Черноморск и Јужни - за житото, кое не може да се извезе поради веќе тековната шестмесечна војна меѓу Русија и Украина. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар за проверка на товарот.


Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Мајкрософт“ пукаше во „Гугл“: „Доминира затоа што користи нефер тактики, корисниците речиси немаат избор“

Директорот на „Мајкрософт“ пукаше во „Гугл“: „Доминира затоа што користи нефер тактики, корисниците речиси немаат избор“

КУШТРИМ РАМАДАНИ СИ ОДИ ОД ТОПЛАНАТА СЕВЕР И ПОЧНУВА СО СВОЈ ПРИВАТЕН БИЗНИС - која е причината за оставката на директорот и што ќе работи неговата нова фирма

КУШТРИМ РАМАДАНИ СИ ОДИ ОД ТОПЛАНАТА СЕВЕР И ПОЧНУВА СО СВОЈ ПРИВАТЕН БИЗНИС - која е причината за оставката на директорот и што ќе работи неговата нова фирма

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто

Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто

Зошто се зголеми невработеноста во Германија?

Зошто се зголеми невработеноста во Германија?

Kaко се живее со минималец во Швајцарија?

Kaко се живее со минималец во Швајцарија?

Невработеноста во еврозоната и ЕУ на рекордно ниско ниво

Невработеноста во еврозоната и ЕУ на рекордно ниско ниво