ЖИВЕАТ ОД ТУРИЗАМ: Oвие земји се најпогодени од коронавирусот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Јули, 2020
Две држави од Балканот се ставени на листата најпогодени од Ковид -19 во однос на туризмот.
Јамајка, Тајланд и Хрватска се најпогодени од коронавирусот. Нивниот туризам трпи огромни загуби.
Извештајот на главниот орган на Генералното собрание на ОН кое се занимава со трговија, инвестиции и развој, покажа дека тие се првите три држави меѓу 15 најпогодени.
Зад нив следуваат Кенија, Мароко, Грција, Маурициус, Сенегал, Ирска, Египет, Јужна Африка, Малезија и Шпанија.
„УНКТАД“ проценува дека Јамајка и Тајланд може да претрпат најголеми загуби, од 11, односно девет проценти по БДП. Во Хрватска, таа загуба би можела да биде осум проценти, по што следат Португалија со загуба од шест проценти и Доминиканската Република со пет проценти.
Дека на Јадранот е пусто, забележаа и Германците во репортажа за националната телевизија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.