23 Ноември, 2024
0.1619

ЖИВЕАТ ПОКРАЈ ЕЗЕРО, А ЛЕТУВААТ НА МОРЕ: Koи се најчестите дестинации на охриѓани, стружани, дојранчани, ресенчани?

Објавено во: Македонија 14 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Жителите на Охрид, Струга, Дојран и Преспа ако живеат покрај езеро, сепак летуваат на море, а најчести дестинации им се Грција и во поново време и Албанија.

Каде ќе летуваат одлучуваат врз основа на цените и близината. Ова го тврдат од туристичките агенции во наведените градови. Жителите на туристичките места во земјава сакаат да истражуваат нови дестинации.

„Албанија, Грција и Турција се најчестите дестинации. Луѓето сакаат да посетат нови места“, велат од струшка туристичка агенција.

Како што Грци доаѓаат во Дојран, така и дојранчани одат на одмор кај јужниот сосед.

„Дојранчани одат во Грција, во Турција, тие што имаат повеќе пари, а кој нема пари останува тука или одат во Бањата Банско во Струмица. Најчесто луѓето одат во Грција. Блиску сме до граница. За час и половина сме на море. Има комбиња, автобуси, така што може да се оди на еден ден, а цената е поволна. Јас одам на Халкидики“, вели Рушка Газетиќ од Дојран.

И жителите на Ресен и Преспа најчесто ја бираат Грција.

„Од познаници знам дека претежно одат во Грција. Сум била во Албанија и Грција и плажите се неспоредливи иако и цените се неспоредливи. Познавам и луѓе кои одат и на скапи дестинации, но бројот е мал“, раскажува Силвана Ристевска, која ги издава апартманите Релакс во Претор.

Ако ги погледнеме податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) од пред неколку години во однос на патувањата на домашното население, тие покажуваат дека најголем дел од луѓето патуваат во Грција, а потоа како дестинации следат Албанија,  Црна Гора, Бугарија, Турција, а поретко ги посетуваат Хрватска, Шпанија или некои поегзотични дестинации. Најголем дел од нашите туристи одмораат во странство до 7 дена, а помалку се оние кои можат да си дозволат подолг одмор. Има луѓе на кои воедно одморот им се состоел од посета и на домашна, но и на странска дестинација. Нашите туристи обично одат во приватно сместување или хотели, а поретко во кампови или кај роднини и пријатели. До дестинацијата за одмор, обично стигнувале со автомобил, поретко со автобус, а помал процент патувале со авион, покажуваат статистиките.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР