06 Декември, 2024
0.0315

„ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА НОВА ЕПИДЕМИЈА“: Проблемот со незаразните болести бара итни промени

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Кардиоваскуларните заболувања, ракот, хроничните респираторни заболувања и дијабетесот се само некои од водечките болести кои, заедно со депресијата и други психолошки нарушувања, земаат огромен данок врз здравјето на луѓето во Македонија. Незаразните болести, кои се причина за дури 95% од сите смртни случаи во земјата, создаваат итна потреба за подобри здравствени политики и инвестиции во превенција, рана детекција и управување. Овој алармантен тренд не само што го влошува квалитетот на живот на граѓаните, туку и значително ја оптоварува националната економија, поради загубите во продуктивноста и високите трошоци за лекување.

На третата конференција организирана од Американската Стопанска Комора во Македонија, водечки експерти и професионалци дискутираа за важноста на подобрување на здравствените услуги и за потребата од зголемување на инвестициите во здравството. Тие укажаа дека вложувањето во превенција може значително да го намали бројот на заболени, а со тоа и економските загуби поврзани со работната способност на населението. Конференцијата претстави различни предлози и решенија како да се намали товарот на незаразните болести, од кои, за жал, особено страдаат граѓаните со пониски примања и со помалку можности за пристап до здравствени услуги.

Клучни фактори за загуба на продуктивност

„Продуктивноста на работниците значително се намалува поради болести како рак, кардиоваскуларни заболувања, хронични респираторни заболувања и депресија,“ истакна Вим Грут, професор по здравствена економија на Универзитетот во Мастрихт.

Во Македонија, но и на глобално ниво, многу работници губат продуктивни часови на работа или се принудени да земат боледувања. Според глобални податоци, годишните загуби од болести можат да изнесуваат илјадници долари по работник, особено кај оние кои страдаат од хронични состојби,“ додаде тој, нагласувајќи ја потребата од инвестиции во здравствена превенција за намалување на овие загуби.

Трошоци за здравствена заштита и нееднаквост меѓу земјите

Статистичките податоци, како што истакна професорот, покажуваат дека нашата земја моментално издвојува околу 7.3% од својот БДП за здравствена заштита, што е многу пониско од просекот на Европската Унија, но и од многу земји од соседството, а како примери ги наведе Србија и Албанија.

„Земјите со повисоки приходи имаат пониски стапки на респираторни и кардиоваскуларни заболувања, и секако ментални заболувања, па и убиства, додека земјите со помали приходи, како Северна Македонија, имаат значително поголем број на пациенти со овие заболувања. Оваа нееднаквост, според Грут, е директна последица на ограничената пристапност до квалитетна здравствена заштита и високите приватни трошоци што пациентите мораат да ги покријат сами, а не можат.

Ако немаме здравје, немаме ништо

На конференцијата посветена на здравствената заштита и справување со незаразните болести, Рита Колумбиа, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија, истакна дека универзалниот пристап до здравствена заштита е клучен за општествениот напредок. Таа го подвлече значењето на здравјето како многу повеќе од само отсуство на болест. Здравјето, според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО), подразбира целосна физичка, ментална и социјална добросостојба.

„Ако немаме здравје, немаме ништо,“ рече Колумбиа, додавајќи дека треба да се гледа на здравјето преку призмата на превенција и рана интервенција, наместо само лекување на постојните состојби. Според нејзиното излагање, вложувањето во превенција не е само човечко, туку и економски поодржливо. Превенцијата е поевтина, и е потребно да се гради свест за важноста на редовните прегледи и едукацијата на населението за здрави навики.

Колумбиа подвлече дека економските придобивки од универзалниот пристап до здравствена заштита се од исклучително значење, особено за земји како Северна Македонија, каде што приватните трошоци за здравствена заштита се високи. Универзалната здравствена заштита би овозможила повеќе граѓани да добијат навремена помош и би намалила економските и социјалните загуби предизвикани од незаразни болести.

Игор Николов, советник за здравство на премиерот Христијан Мицковски, го нагласи значењето на систематското мапирање на проблемите во здравството. Тој ја истакна потребата од промени во кадровската политика, бидејќи сегашната практика остава простор за неодговорени приоритети, особено во специјализациите. Со ова, Николов сугерира дека здравствениот систем би требало да стане поконкурентен, обезбедувајќи повеќе специјализации за младите лекари според потребите на системот, но и да ги мотивира соодветно средномедицинскиот кадар и матичните лекари.

Николов, исто така, зборуваше за ризиците од хроничните болести, кои стануваат доминантен предизвик, споредувајќи го сегашниот период како „пандемија на хронични болести.“ Тој ја нагласи важноста на развивање скрининг методи за рано детектирање, кои би го олесниле справувањето со растечката стапка на болести како дијабетес, хронични бубрежни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, и рак. Ова, според него, ќе придонесе не само кон превенција, туку и кон квалитетно управување со овие состојби во здравствениот систем, а ќе има и позитивно влијание врз менталното здравје на пациентите.

Важноста на инвестициите за подолг и поквалитетен живот

Истражувањата покажуваат дека квалитетот на живот и животниот век значително се зголемуваат во земјите кои повеќе вложуваат во здравствената заштита. Инвестициите во здравството помагаат за подобрување на менталното здравје, намалување на хроничните болести и зголемување на ефикасноста на здравствениот систем. Во оваа насока, потребно е да се зголеми буџетот за здравство и да се обезбеди подобар пристап до услуги за ран скрининг и превенција, особено за оние со пониски примања.

Македонија е предизвикана да ја зајакне здравствената инфраструктура и да ги подобри стратегиите за превенција, со цел да одговори на новите глобални трендови во здравството. Зголемениот фокус на скрининг и рана детекција, соодветно обучен медицински персонал, како и универзален пристап до здравствени услуги, ќе и овозможат на земјата да се справи со незаразните болести на начин кој ќе обезбеди здрав и продуктивен живот на граѓаните. Ова бара не само повеќе средства, туку и нова визија во здравствените политики – визија во која здравјето ќе се смета за приоритет во сите сегменти на општеството.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСИЛНИОТ УЧЕНИК ЌЕ СЛЕДИ ОНЛАЈН НАСТАВА: Прекинат e бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“

НАСИЛНИОТ УЧЕНИК ЌЕ СЛЕДИ ОНЛАЈН НАСТАВА: Прекинат e бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“

ЗАВРШИЛА КАЈ ЛЕКАР: Повредена e ученичка во Ранковце при игра со соученици

ЗАВРШИЛА КАЈ ЛЕКАР: Повредена e ученичка во Ранковце при игра со соученици

ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО КУМАНОВО: Tие претходно истепале деца кои чекале автобус

ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО КУМАНОВО: Tие претходно истепале деца кои чекале автобус

ДУИ: Доколку Уставeн одлучи да ги поништи достигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат ненадоместливи

ДУИ: Доколку Уставeн одлучи да ги поништи достигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат ненадоместливи

КАСАМИ ВЕЛИ ВО ДРУГА СИТУАЦИЈА ЌЕ ИМА И МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ: Пушти реконструирана улица, имаше само албански знамиња

КАСАМИ ВЕЛИ ВО ДРУГА СИТУАЦИЈА ЌЕ ИМА И МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ: Пушти реконструирана улица, имаше само албански знамиња

ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Се излизга возилото на обезбедувањето на Гаши

ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Се излизга возилото на обезбедувањето на Гаши

УБИЕЦОТ ОД СТАЈКОВЦИ КОЈ СИ ГИ УБИ СОПСТВЕНИОТ БРАТ И СНААТА ЌЕ ЛЕЖИ 20 ГОДИНИ - обвинителството информира за пресудата

УБИЕЦОТ ОД СТАЈКОВЦИ КОЈ СИ ГИ УБИ СОПСТВЕНИОТ БРАТ И СНААТА ЌЕ ЛЕЖИ 20 ГОДИНИ - обвинителството информира за пресудата

ПАНИКА МЕЃУ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ТВРДАТ ДЕКА НЕМА ДА ИМ СЕ ПРОДОЛЖУВААТ АВТОБУСКИТЕ БИЛЕТИ: Кушовски негира

ПАНИКА МЕЃУ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ТВРДАТ ДЕКА НЕМА ДА ИМ СЕ ПРОДОЛЖУВААТ АВТОБУСКИТЕ БИЛЕТИ: Кушовски негира

„ДАЈТЕ НИ НЕКОЛКУ ДЕНА ДА ДОЈДЕМЕ ДО НАЈСООДВЕТНОТО РЕШЕНИЕ“: Јаневска не открива детали за ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

„ДАЈТЕ НИ НЕКОЛКУ ДЕНА ДА ДОЈДЕМЕ ДО НАЈСООДВЕТНОТО РЕШЕНИЕ“: Јаневска не открива детали за ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“