24 Април, 2024
0.0260

Живејте здраво со водечката компанија за здрава храна Herbalife Nutrition

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во очи јубилејниот 40-ти роденден, светската, водечка компанија за здрава храна Herbalife Nutrition организираше 2 свечени настани во хотелот Мериот. Дневниот настан кој беше отворен за новинарите беше посветен на темите: здравиот начин на живот во денешното брзо време, како и на глобалната иницијатива Nutrition for Zero Hunger. Водител на овој едукативен настан беше почитуваната Билјана Дебарлијева, а во рамките на настанот како гости предавачи свое излагање имаа новиот директорот на Herbalife Nutrition одговорен за регионот на Југоисточна Европа, г. Горан Николиќ и др. Јонатан Јаром, спортски лекар и медицински директор на Медикс - Центарот за спортска медицина во рамките на олимпискиот комплекс во Тел Авив. 


Горан Николиќ зборуваше за начелата на компанијата, како и за нејзината мисија и визија во исхраната.

За недостатокот од правилна исхрана, болестите на модерното време, дебелината и проблемите што ги носи со себе, зборуваше др. Јаром. Покрај проблемот со зголемена телесна тежина, како и проблемите што ги носи со себе, доктор Јаром зборуваше и ја презентираше спортската линија производи Herbalife 24.

Завршен збор како гостин-предавач имаше г. Николиќ, кој што потсети на општествената одговорност на компанијата и зборуваше за глобалната кампања Nutriton for Zero Hunger.

Со помош на љубезниот персонал од хотел Мериот, како и на бендот New Indigo, после едукативниот дел следеше забавен дел и коктел од здрави напитоци и здрава храна. 


На вечерниот настан насловен како Open Day со доктор Јонатан Јаром, член на советодавниот одбор на Herbalife Nutrition, кој беше во организација на независните членови на Herbalife Nutrition Северна Македонија, присуствуваа голем број учесници, меѓу кои и познати личности. Вечерната програма ја водеа шармантните Кармен Михајлоска и Бранислав Калеовски. 


Доктор Јонатан Јаром имаше подолго излагање за здравјето, освртувајќи се на позитивниот бенефит на производите на Herbalife Nutrition врз човечкиот организам, зборуваше и за тоа како можеме да му помогнеме на нашиот организам да се избори со стресот, падот на енергија и слични проблеми во текот на денот, како и на кој начин да си го трансформираме телото и да му помогнеме да функционира подобро. Бевме сведоци и на физичките трансформации кај дел од присутните гости кои ги користат производите на Herbalife Nutrition и ги чувме нивните позитивни искуства. 


Во текот на вечерта гостите уживаа во дегустацијата на добропознатите шејкови на Herbalife Nutrition, придружувана со музика во живо изведена од страна на DJ Катерина Чедомирски и Љупчо Чедомирски Sax, како и во наградната игра.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!