Добивај вести на Viber
Стопанска банка а.д. Битола во периодот 01.01-31.12.2013 година, оствари
нето добивка во износ од 21,70 милиони денари (352 илјади евра) што споредено со истиот период од минатата година кога банката регистрираше загуба од 146,158 милиони денари претставува значително подобрување на финансискиот резултат, пишува во образложението на финансиските резултати доставени до берзата, кое ви го пренесуваме во целост:
Активностите на Банката за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и наплата на побарувањата придонесоа за ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето основа во износ од 227,34 милиони денари што е одраз на активностите на банката за наплата на претходно оштетените побарувања и намалување на нефункционалните кредити.
Од билансот на успех може да се види дека приходите од камати во периодот 01.011-31.12.2013 се намалени за 14,84%, кога во истиот период се регистрира и намалување на расходите по основна камати за 9.33%. Имајќи го предвид зголеменото бруто кредитно портфолио, намалувањето на приходите по камати главно се должи на помал износ на запишани благајнички и државни записи и пониски активни каматни стапки следствено на намалувањето на референтната каматна стапка на НБРМ во текот на 2013 година.
Зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет, како и доброто управување со трошоците, позитивно се одразија врз нето приходите од провизии и надоместоци така што истите се зголемени за 88,97% споредно со претходната година.
Во текот на разгледуваниот период Банката оствари приходи по основ на дивиденди и капитални добивки од продажба на дел од превземениот имот што придонесе за зголемување од 58,34% на останатите приходи од дејноста.
Во контекст на контролата и доброто управување со трошоците, значајно е да се истакне дека и покрај зголемениот број на вработени во 2013 година, трошоците за вработени пораснаа за само 0,81 % споредено со истите остварени во текот на 2012 година.
Амортизацијата и останатите расходи од дејноста, на годишна основа, се зголемени за 11,92% и 15,14%, соодветно.
Загубите поради оштетување на нефинансиските средства, на нето основа, се повисоки споредено со минатата година главно како резултат на постапување согласно Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања.
Она што може да се констатира по објавувањето на годишните резултати на Стопанска банка А.Д. Битола за периодот 01.01-31.12.2013 година е дека банката по неколку годишни паузи за прв пат прикажува позитивен финансиски резултат, што само ја потврдува исправната деловна политика на менаџментот на банката. Во контекст на подобрувањето на финансиските резултати банката ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот како и контрола на трошоците со цел понатамошно подобрување на финансискиот резултат. Курсот на банката и понатаму ќе биде насочен кон одржување на трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат и покрај неповолната економска состојба во земјата и светот како последица на светската финансиска криза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.