05 Декември, 2025
0.0366

Значаен раст на приходите на Стопанска Банка Битола!

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2014 09:25

Добивај вести на Viber

„Стопанска банка а.д. Битола во периодот 01.01-30.06.2014 година, оствари раст од 33,05% на нето приходите од камати споредено со истиот период од претходната година. При тоа приходите од камати се зголемени за 19,49%, додека расходите за камати се повисоки за 3,07%. Ваквото остварување пред се е резултат на зголеменото бруто кредитно портфолио и подобрената квалитативна структура на кредитите по наплатата на дел од нефункционалните кредити“, се вели во коментарот од банката на финансиските извештаи објавени денеска на Македонска берза. Од банката додаваат и дека „значајно е што и покрај зголемената кредитна активност стапката на адекватност на капиталот со состојба на 30.06.2014 година изнесува 21,68% што е доста повисок процент од законски пропишаниот минимум од 8%. Зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет, како и доброто управување со трошоците, позитивно се одразија врз нето приходите од провизии и надоместоци така што истите се зголемени за 15,05% споредено со првата половина од претходната година. Останатите приходи од дејноста се скоро шест пати повисоки од остварените во периодот 01.01-30.06.2013 година што главно се должи на капитални добивки од продажба на дел од преземениот имот. Нето приходите од курсни разлики се поголеми за 75,64%. Следствено на зголемениот обем на работа и зголемениот број на вработени, трошоците за вработените бележат годишен раст од 10,34%. Амортизацијата и останатите расходи од дејноста се зголемени за 18,88% и 5,99%, соодветно“, пишува во коментарот. Стопанска Банка АД Битола соопштува дека „финансискиот резултат на Банката за периодот 01.01-30.06.2014 година, пред исправка на вредност на финансиските средства и загуба за оштетување на нефинансиските средства, е позитивен и изнесува 69,53 милиони денари што претставува значајно подобрување во однос на истиот период минатата година кога финансискиот резултат пред исправка на вредноста и загуба за оштетување беше негативен и изнесуваше 7,33 милиони денари. И покрај позитивните трендови во работењето, во првата половина од 2014 година, Банката издвои загуба поради оштетување на нефинансиските средства во износ од 121,92 милиони денари согласно Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања. Издвоената исправка на вредност на финансиските средства изнесува 7,70 милиони денари. Следствено на претходно кажаното, финансискиот резултат на Банката за периодот 01.01-30.06.2014 година, по исправки на вредност и загуби за оштетување е негативен и истиот изнесува 60,08 милиони денари. Во контекст на подобрувањето на финансиските резултати, Банката ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити, продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Банката и во идниот период ќе настојува да го одржи трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за уште позначајно подобрување на финансискиот резултат и покрај неповолната економска состојба во земјата и светот како последица на светската финансиска криза“ се вели во коментарот на финансискиот извештај.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката