Знаете ли како да си ги заштите кредитните картички од кражба?
Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2014 09:33
Паметно е да се чува потврдата за купувањето со картичка и да ја проверите сумата која ви е наплатена на сметката или преку онлајн или мобилен банкарски систем, или преку СМС известување кое многу банки го користат денеска. Ако нешто им изгледа сомнително, сопствениците на картичките треба да ги пријават измамничките трансакции во нивната ванка или финансиска институција во рок од 30 дена.
Во случај на изгубена или украдена картичка, сопственикот треба тоа да го пријави во банката од која што ја земал картичката. Сопственикот на картичката нема никаква одговорност ако банката ја извести веднаш по губењето или кражбата на картичката.
За Master Card е приоритет заштитата на нашите клиенти во однос на спречување на измама или користење на финансиски информации. Ние континуирано работиме на надградба и подобрување на нашиот со цел да се обезбеди интегритет на глобалниот платен систем. Master Card користи чип технологија, што е едно од најдобрите и најистакнатите начини за заштита на податоците на корисникот. Чип картичките изгледаат слично како оние традиционалните , со таа разлика што имаат вграден чип во стандардната магнетна лента на опачината од картичката. Тој чип содржи информации кои се шифрирани кои многу тешко може да се ископираат од картичката или фалсификувани. Наместо само да поминува, картичката со чиш се внесува во терминалот за да се изврши трансакцијата.Чипот комуницира со терминалот кој проверува дали се работи за автентична картичка или не. Генерално терминалот му дава инструкции на сопственикот на картичката како да го внесе иднетификацискиот број односно ПИН-от, потоа терминалот го верификува чипот се спроведува трансакцијата. Кога станува збор за он-лајн плаќања имаме посебно решение наречено MasterCard® SecureCode™, кое гарантира дополнителна заштита и сигурност за клиентот. Поточно се работи за приватен код кој го има само сосптвеникот на картичката и банката која ја издала картичката, а до кој трговците немаат пристап. На овој начин клиентите може да бидат сигурни дека и да веруваат во своите трансакции.
Фактор : Во однос на Европа, во кои земји најмногу се користат картичките како платежно средство, и каде е Македонија во однос на безготовинскиот платежен систем?
Артур Туремка: Политиката на Master Card е таква што овој вид на информации ги следиме само на глобално ниво. Но можам да кажам за општиот тренд што го имаме забележано, а кој пак е тесно поврзан со потребите на клиентите. Тука се оние клиенти кои сакаат да имаат контрола на трошоците и користат дебитни картички, односно трошат толку колку што имаат на сметката во банка. Резултатите што ги имаме од истражувањата покажуваат, особено истражувањата во текот на економската криза и нејзиното влијание врз потрошувачите во Европа, открија премин на поторшувачите од кредитни во дебитни картици, поради тоа што дебитните картици нудат поголема контрола на трошоците, што пак им овозможува на корисниците попрецизно да управуваат со своите буџети. Но сепак и покрај ваквиот тренд, кредитните картички и понатаму остануваат популарни во платежниот систем, и производ кој претставува избор за оние кои имаат потреба од дополнителни средства, кои сакаат да добијат поголема вредност од нивните кредитни картички, тука мислам на бенефициите како што се попустите во угостителството, малопродажбата, туристичките патувања...
Фактор: Каква технологија и услови нуди вашата компанија и што е тоа што ја прави поконкурентна од другите компании?
Артур Туремка: Master Card не издава картички. Трошоците поврзани со дебитните и кредитните картици ги одредува банката која ја издава картичката. Во однос на технологијата, нашата компанија нуди платежна технологија која е решение за финансиските институции. Master Card обезбедува безбеден платен систем за широката потрошувачка, современа технологија. Платежните картички на Master Card брендот – Master Card дебитна и кредитна и Маестро дебитна картичка се базирани на чип технологија кој нуди највисоко ниво на безбедност во платните трансакции. Master Card картичката е прифатена на околу 36.900.000 локации во 210 земји, и може исто така да се користи и за онлајн плаќања.
Фактор: Во моментов се случуваат големи иновации во платежниот систем, како на пример плаќања преку мобилни телефони, кој е следниот голем чекор во областа на кредитните картички?
Артур Туремка: Во согласност со она што претходно го кажав во делот на исплатите кои се достапни насекаде и во секое време, ние воведовме дигитална платежна платформа наречена MasterPass,која на поторшувачите им овозможува да направат исплати кои од безбедност аспект се повеќеслојно заштитетни, и платформа која функционира со само еден клик или допир каде и да сте, во продавница или на интернет. MasterPass е всушност платформа во вид на отворен паричник во кој корисниците се во можност да ги чуваат картиците од сите брендови, како и личните податоци, здравствени картици, информации за превоз, и сите тие податоци им се достапни и на располагање во секој момент. Со ова решение за дигитални исплати, процесот е безбеден и едноставен, прилагоден на потребите на корисниците.
Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





